Почна реконструкцијата на планинарскиот дом на Водно

Градот Скопје почна со реконструкција на планинарскиот дом на Водно. Градоначалникот Петре Шилегов ги повика државните институции и компаниите со општествена одговорност да се приклучат во реконструкцијата на домот со цел, како што рече, Водно да прерасене во спортско-рекреативен и културно забавен центар.

„Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е викенд свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти, гордост на градот и едно од омилените места од кое Скопје може да се види како на дланка. Овој планинарски дом долго време беше оставен на грижата на извесен број ентузијасти од Планинарскиот спортски клуб Бистра и други љубители на планинарењето кои се грижеа за одржувањето на овој објект и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање“, истакна Шилегов.

Градот Скопје заедно со градските претпријатија ги обезбедија основните услови за престој во планинарскиот дом, односно конечно е решен проблемот со водоснабдувањето на домот и во употреба е пуштен новиот тоалет.

Почнати се и активности за урбано уредување на просторот, поставени се клупи, маси, летниковец, изработен е детски парк, поставени се корпи за отпадоци. Проектот за реконструкција на домот вклучува и комплетна реконструкција на кровот и двата ката, и комплетно опремување на домот со цел подобрување на условите.

Пренасочување на сообраќајот во Скопје поради протест

Сообраќајот денес од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев - Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври - Кочо Рацин“.

Воедно, се апелира до граѓаните да се воздражат од насилни акти за време на протетсите.

- Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението. 

Продолжуваат протестите – за денес најавен голем, сенароден собир

За  денес е најавен „Голем сенароден протест против промена на името Македонија“. Инициран е од движењето „Млади за Македонија“.

„Не можеме да дозволиме оваа квинслишка и предавничка Влада да го уништи постоењето на Македонија со менување на нашето вечно име и идентитет. Нагласуваме дека протестот е непартиски и позади не стои ниту една политичка партија. Ние сме студенти од сите политички спектруми обединети за одбрана на името и идентитетот на Македонија“, велат од Млади за Македонија.

Популарно