Трите точки на телото на жената кои треба да ги допирате за да полуди по вас

Сигурно некогаш сте посакале да влезете во главата на вашата партнерка и да дознаете што и одговара, што сака, кога имате интимни односи.

Колку и да сакате набрзина да ги разбудите страстите, имајте на ум дека жените се поразлични од мажите кога станува збор за предиграта. Констатирано е кои се трите точки на телото на жената кои треба да ги допирате за време на предиграта, која како што велат експертите, би требало да трае најмалку 5 минути.

Врат

Нежно допирајте го вратот на жената, ако сакате да ја возбудите. Ретко на која жена нема да и се допадне. Експертите за секс велат дека нежните бакнежи по вратот на жената ќе бидат одличен прв чекор жената да се возбуди.

Бедра

Внатрешната страна од бедрата посебно е стимулативна за жена ако ја допирате нежно и полека. Дозволете и да се наежи. Ова може да биде добар вовед во орален секс.

Гради

Немојте да се воздржувате само на брадавиците. Тие не се единствен чувствителен дел од женските гради. Користете ја целата дланка да ги фатите и бакнувајте ги – советуваат експертите.

Освен што допирите на споменатите делови од женското тело, ќе ја возбуди жената, експертите наведуваат и тоа дека на овој начин жените многу побрзо доживуваат оргазам.

Единствената причина зошто мажите сакаат секс без кондом

Сите знаат колку е важна заштитата, но некои мажи не можат да се воздржат.

Кога станува збор за страст и секс, се случува да се изостават средствата за заштита како што е кондом.

Мажите, особено во тој момент, се фокусирани на женските атрибути и страста им го “поматува” умот.

Понекогаш едноставно преовлаува животинскиот инстинкт кој како резултат на хормонски процеси предизвикува нагон за “поседување” на избраната жена.

Зошто попуштаат сопирачките?

Колку жената е попривлечна за мажот толку тој е помалку заинтересиран за употреба на кондоми.

И не само тоа, кога е привлечна за него, неговиот нагон за завршницата без прекин е многу посилен.

Сепак, треба да се има на ум дека сексот со заштита му дава целосно задоволство, бидејќи не постои “главоболка” околу различните теми кои се однесуваат на “денот потоа”.

Истражувањето потврдува: Конзументите на марихуана имаат повеќе СЕКС

Научниците повторно се решија да ја потврдат поврзаноста помеѓу сексот и марихуаната.

На основа на студиите од 2017.година утврдено е дека конзументите на марихуана, кои секојдневно ја користат оваа супстанца, почесто се впуштаат во сексуални односи за разлика од оние кои апстинираат од дрогата пишува, Си-Ен-Ен.

Сепак, ова истражување не даде јасен одговор на прашањето како конзумацијата на марихуаната може да влијае на зголемувањето на сексот и либидото.

Овојпат лиценциран терапевт за парови, одлучи да ја пронајде точната поврзаност помеѓу сексот и марихуаната. Тој го постави ова прашање на своите колеги кои дадоа стручни мислења.

„Луѓето кои користат марихуана можат да имаат повеќе секс бидејќи единствено на другите ставаат помал притисок, па имаат помалку проблеми околу изведувањето“, истакна секс терапевтката, Аманда Паскуко.

За разлика од Аманда, терапевтката Лорес игал, смета дека THC супстанцата која се наоѓа во марихуаната, влијае на дел од мозкот кој се поврзува со сексуалната возбуда.

(ВИДЕО) Возбуден пар има секс во авион на лет САД-Мексико

Брачен пар од САД во задниот дел од авионот на лет за Мексико се надевале на мирен и пријател лет, но биле сведоци на секс на пар кој седел позади нив.

Љубовниците, кои биле сместени во последниот ред, без срам започнале да разменуваат страсти.

Мајка ми и татко ми посакувале пријател лет за Мексико, а потоа ми го испратија ова, напиша Килеј Тули на Твитер, кога го сподели видеото.

Жената која што го снима видеото се смее за овој настан, а поголемиот дел од патниците воопшто не се свесни што се случува. 

Од авиокомапнијата „Силвер ервејс“ потврдија дека видеото е од нивен авион, но не го коментираа однесувањето на патниците.

Популарно