(ВИДЕО) Драма во Лондон - Роби Вилијамс евакуиран од хотел поради пожар

Вкупно 36 гости и 250 лица беа евакуирани откако избувна пожар во „Mandarin Oriental“ хотелот со 5 ѕвезди во Лондон.

Меѓу нив беа познатиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ида Филд.

За време на евакуацијата, тие беа снимени од неколку фанови.

Вилијамс престојуваше во хотелот пред да учествува на хуманитарен фудбалски натпревар организиран од УНИЦЕФ.

За среќа, немаше настрадани од несреќата, а причините за пожарот се уште не се утврдени.

Скандалозно: Даниел Марино треба да плати 44 милиони долари, бидејќи...

Песната се нашла на неговиот најпродаван албум за 2004. година.

Текстописецот од Филаделфија, Даниел Марино, ја добил пресудата за штета за украдена песна во висина од 44 милиони долари, пренесуваат странските медиуми. 

Неговата песна ја украл, ни повеќе ни помалку, туку славниот Ашер, кој ја преименувал во "Bad Girl", а овој хит се нашол на неговиот албум "Confessions" во 2004. година.

Со овој албум Ашер постигнал рекордна продажба, со оглед на тоа дека албумот бил продаден во повеќе од 10 милиони примероци и добил дијамантски статус. 

Даниел на суд навел дека во 2001. и 2002. година работел на песната "Club Girl" и дека зад се стои само неговото име како автор и продуцент.

Парницата почнала уште во 2011. година, а адвокатот на Марино навел дека седум години, и покрај се, верувал во својот клиент и неговите тврдења, наведува "Rolling Stone".

ВИДЕО: Младоженец од Битола ги зема работите во свои раце

На порталот „Битола бабам Битола“ е објавено видео каде младоженецот на свадба го глрабнал тапанот и ја вжештил атмосферата.

-Една година од свадбата на Зоки Конга кој е член на битолската група ConTruDj заедно со Владимир Николиќ Дадо и Иле Микаровски. Видеото ни го испрати Дадо. Да ги поздравиме сите!, пишува порталот Битола бабам Битола.

Големиот хит на Тоше „Соба за тага“ во себе крие тажна приказна

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на Тоше Проески.

Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“. До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.

На кратко, пред се би ве потсетиле на рефренот од истиоимениот текст, а потоа ќе ви ја откриеме и целата вистина на авторот кој стои зад трагичните зборови.

„Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат

тука се моите чекори

но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам

сите си мислат дека се кријам

нема да пројде само од себе

се ме боли после тебе !“

Се зборува, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата казна за убиство на љубовникот на нејзината сопруга.

Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.

Кружат гласини и дека затвореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило

Но, секогаш постојат два правци, две приказни, две вистини, две легенди. Втората приказна е сепак малку поблага помалку драматична. Таа објаснува дека сепак станува збор за затвореник, но тој не одлежувал казна за убство, туку за кражба на банка. А песната била напишана за неговата девојка.

На што ќе верувате вие тоа останува на вас самите.

Популарно