Се ожени синот на Драган Вучиќ - пејачот Мартин Вучиќ

Музичарот Мартин Вучиќ сношти се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања. Сликата со младоженците, на својот фејсбук профил ја објави Нора Шаќири, блиска пријателка на семејството Вучиќ. На свадбената фотографија со Мартин и со Сања е Нора со нејзиниот сопруг Марко, и брат и Бени Шаќири со сопругата Лиса. Свадбата се одржа во познат скопски ресторан. 

Чееститки за убавиот настан, се објавуваат и на профилот на Весна Вучиќ, мајката на Мартин, сопруга на познатиот музичар и водител Драган Вучиќ. Мартин и Сања се заедно четири години, а веќе некое време живеат заедно.

Мартин, кој во 2008 година се повлече од поп-естрадата е еден од најсупешните наши музичари на ударни инструменти. На јавна сцена, тој може да се види на концертите на Македонската филхармонија каде што работи. Пред седум години, тој одржа успешен концерт во Универзалната сала наречен „Песни за душа“, каде што изведе повеќе традиционални македонски песни. Дел од нив, тој му ги посвети на својот дедо од страна на мајка му, легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Мартин никогаш не зборувал за својот приватен живот. 

Во 2005 година, ја претставуваше Македонија на Евросонг со песната „Make My Day“ во Киев, Украина, и успеа да обезбеди влез во финалето. Додека беше активен на поп-сцената, тој добиваше многу фестивалски награди во Македонија и во регионот. Најпознат негов хит е „Рано е да се врзам“, а една од најдрагите и најубави песни на Мартин е баладата „Муза“, која за него ја напиша Тоше Проески. 

ФОТО: Карлеуша гушна момче на сцена и ги покажа градите пред сите!

Јелена Карлеуша по фотографиите објавени во јавност и пораките со фудбалерот Огњен Врањеш се повлече во Кина, а потоа се врати во Србија за да може вчера да снима епизода од „Ѕвездите на Гранд“.

Таа на снимањето пристигна последна и беше многу нерасположена. А, дефинитивно причина за тоа е целата „прашина“, која се крена по нејзините експлицитни фотографии.

За тоа време , нејзиниот менаџер ги туркаше новинарите и фотографиите, за да им забрани да фотографиите.

А, внатре Јелена повторно покажа повеќе од што сака, како што пишуваат балканските медиуми.

ВИДЕО: ЈК се „мази“ ГОЛА во када!

Јелена Карлеуша само што се смири од порно скандалот кој го стресе нејзиното семејство, се појави ново видео, пренесува српскиот Курир.

Карлеуша на видеото гола во када со пена порачува „Те сакам" со мил глас.

Инаку, таа видеата рече дека се монтажа и дека сето ова го смета за голем удар врз семејството.

Вчера за прв пат се појави на снимањето на Гранд видно нерасположена со наочари на себе, постојано гледајќи во мобилен.

Ултиматум од Душко до Карлеуша - нема веќе лабаво

Душко Тошиќ сопругот на Јелена Карлеуша наводно и поставил ултиматум ако сака да остане во брак со него.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој на пејачката и предложил да се пресели со нивните две ќерки, Ника и Атина во Кина, каде тој игра. 

Со оглед на тоа дека порно аферата и скандалот го стресе семејството, Тошиќ сака семејството да биде поблиску до него.

- Душко е уверен дека тоа е единствениот и вистински начин да опстане бракот. Предложи да купат вила и да бидат таму додека тој игра, вели извор за српски Информер.

Популарно