(ВИДЕО) Момче кое со својот глас ја расплака цела Македонија – ја испеа песната “Имала мајка девет сина” како никој досега!

Видеото од прославата на големиот православен празник Свети Талалеј во селото Слатина – Македонски Брод, го обиколи интернетот.

Се работи за изведба на песната „Имала мајка девет сина” oд Васка Илиева, а Боби ја изведе речиси како неа.

Со длабока емоција и со глас сличен на оној по кој ја паметиме Васка Илиева, Боби ги оставил без зборови сите присутни, а и сите кои го погледнале видеото.

(ВИДЕО) Погледнете го новиот спот на Бијонсе и Џеј Зи за „Apes**t“

Спотот на музичкиот тандем и еден од најмоќните и најбогати брачни музички и шоубизнис парови на планетарно ниво, Бијонсе и Џеј Зи, за песната „Apes**t“ е снимен во Лувр, а брачната двојка го сподели со фановите за време на нивната заедничка турнеја и по повод објавувањето на заедничкиот албум ексклузивно на Tidal.

(ВИДЕО) Срамежливо девојче „растури“ на Америка има талент и од аудиција - влезе директно во финале

13-годишно девојче со име Кортни Хадвин ги натера судиите да станат на нозе, а Хауи Мандел да го притисне златното копче - кое води директно во финалните натпревари за наградата од 1 милион долари.

Аудицијата на 13-годишната Кортни сите присутни ја следеа со подотворена уста.

На сцената енергично ја изведе Hard to Handle на Otis Redding, иако на прв поглед делуваше како екстремно срамежливо девојче.

Позади сцената ја поддржуваше нејзиниот татко, кој заедно со нејзината мајка се инаку големи поддржувачи на талентот кој го има.

По малото охрабрување од судиите, на сцената се случи чудо:

(ВИДЕО) Драма во Лондон - Роби Вилијамс евакуиран од хотел поради пожар

Вкупно 36 гости и 250 лица беа евакуирани откако избувна пожар во „Mandarin Oriental“ хотелот со 5 ѕвезди во Лондон.

Меѓу нив беа познатиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ида Филд.

За време на евакуацијата, тие беа снимени од неколку фанови.

Вилијамс престојуваше во хотелот пред да учествува на хуманитарен фудбалски натпревар организиран од УНИЦЕФ.

За среќа, немаше настрадани од несреќата, а причините за пожарот се уште не се утврдени.

Популарно