Ексклузивна фото галерија од свадбата на Мартин Вучиќ: „Рано ми е да се врзам“ ја испратив во историја!

Музичарот Мартин Вучиќ вчера направи гламурозна свадба со својата избраничка Сања во ресторанот „Ла Тана“ во Скопје.

Поранешниот поп пејач, а денес дел од Македонската Филхармонија и успешен музичар на ударни инструменти, успеа да собере добар дел од естрадата и шоу бизнисот на свадбената забава, како и голем број на познати јавни личности, со кои го прослави почетокот на заедничкиот живот со долгогодишната девојка Сања.

Музичарот кој пред околу петнаесет години го отпеа хитот „Рано е да се врзам“ кој потоа стана еден вид на химна на момчињата кои не брзаат да стапат во брак или сериозна врска, за „Фокус“ вели дека „Рано ми е да се врзам“ отиде во историјата.

-Долгогодишната врска со Сања ја крунисавме со брак, во присуство на многу роднини, пријатели, драги гости. „Рано ми е да се врзам“ отиде во историјата, бидејќи јас веќе поодамна се врзав со љубов – вели Вучиќ.

Елегантни, млади и убави, Мартин и Сања ги воодушевија гостите. Расположени, среќни за новото поглавје во животот, со репертоар од народни до забавни песни, тие имаа свадбена забава за која долго ќе се прикажува. Во тек на вечерта, микрофонот патуваше од рацете на Мартин, татко му Драган, па и кај гостите кои од срце со песна му посакаа љубов и среќен живот на младите. На видео бим, честитки упатија и голем број на познати балкански музички ѕвезди помеѓу кои и Здравко Чолиќ, Златко Пејковиќ и други.

Тој е син единец на популарниот ТВ водител и поранешен музичар Драган Вучиќ и Весна, ќерка на легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Токму поради нивната поврзаност со музиката, која отсекогаш била дел од нивните животи, на свадбата имаше голем број на музичари. Весна и Драган пак, горди на својот син, беа едни од највеселите на свадбата.

Вики Клинчарова

ВИДЕО: Синот на Цеца пијан танцува на шанк во преполн клуб

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ излезе со друштво, како и со вереницата Богдана Родиќ и добро се забавуваше.

Се пееше и пиеше во преполниот диско клуб на звуците на српскиот турбофолк и поп – фолк, а дека има и танцувачки афинитети и квалитети синот на Цеца покажа пред очите на сите присутни.

Иако и пред тоа беше главен во клубот, во  еден момент Вељко се качи на шанкерска столица, па запеа и така качен почна да танцува!

Богдана остана на своето место, а танцувачкиот перформанс на својот вереник го проследи само со насмевка.

ФОТО: Вака изгледала Неда Украден кога имала 28 години

Пејачката Неда Украден во август наполни 69 години, но сеуште изгледа атрактивно и е многу барана пејачка , а освен кариерата многу се зборува за нејзиниот физички изглед.

Многумина се сложија дека таа изгледа достса помлада од тоа што е , и ѝ завидууваат на совршената фигура, велејќи дека Неда веќе со години изгледа исто, но сите забораваат дека некогаш беше сосема поинаква.

Пејачката на Инстаграм сподели дотографија стара речиси 4 децении и ги потсети сите како изгледала на 28 години.

„Без филтери, фотошоп, без силикони, лажни трепки, надградба на коса или вештачки образи! Тоа е се“ напишала пејачката.

ФОТО: Вака некогаш изгледала Александра Пријовиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ е позната по својата црна коса, а еве како изгледала кога била многу мала.

За оваа пејачка многу се зборува, поради тоа што е во брак со Филип Живојиновиќ.

Пејачката некогаш била русокоса, а фотографијата од детството со својот татко ја споделила на Инстаграм за неговиот роденден.

Популарно