Народен лек за проширени вени

Проширените вени настануваат како последица на слаба циркулација и оптеретеност на крвните садови, а доколку не се лекуваат навреме, доведуваат до потешки заболувања и тромбоза.

Природата нуди многу лекови кои можат да ги ублажат и спречат проширените вени.

Невенот е една од тие природни билки која се покажа како добар лек за проширени вени. Цвета во април или мај, а може да се најде во дворовите и ливадите.

Маст од невен за проширени вени

Два грста невен (цветови, стебло и листови) се сечкаат на мали парчиња.

Во соодветен сад се загрева 500 гр. свинска маст (сало), па во врелата стопена маст се додава невенот. Оставете кратко да зоврие, па садот тргнете го од оган.

Наредниот ден загрејте ја смесата да стане течна за да може да се исцеди и да се отстранат парчињата невен.

Подготвената маст чувајте ја во тегла или друг соодветен сад и секојдневно (неколку пати на ден) мачкајте ги заболените места.

Никако не ги купувајте овие цигари: Предизвикуваат полош вид на рак на белите дробови

Иако на интернет секојдневно може да се прочита кои се последиците од конзумирање на цигари, се чини дека тоа пушачите не ги загрижува многу.

Иако општеството секојдневно на разни начини се бори со намалување на овој вид зависност, бројот на пушачи не се намалува.

Многу пушачи конзумираат така наречени „лајт“ верзии на цигари, мислејќи дека се поздрава варијанта поради помалото количество на катран во нив.

Меѓутоа, научниците претставија истражување во кое откриле дека конзументите на ваков вид цигари имаат поголем ризик од добивање рак.

Лајт цигарите со дупче на средина уште пред 50 години се претставени како поздрава верзија на цигари, но овие дупчиња им овозможуваат на конзументите да вдишат поголема количина на дим од цигарите, дим кој содржи високо ниво на хемикалии и токсини.

Токму тоа дупче им овозможува на цигарите побрзо да горат и така создаваат канцерогени материи кои доаѓаат до човечките бели дробови.

Пече, но ги чисти белите дробови и гори калории - овој зачин е спасот

Она што нема да го забележите веднаш е разградувањето на слузта и нечистотијата во белите дробови. Токму поради тоа им се препорачува на пушачите и луѓето со проблеми на дишните патишта.

Многу доктори на своите пациенти им го препорачуваат овој зачин. Во Јужна Америка секојдневно се јаде.

Ако сте љубител на луто, додадете чили. Но ако не сте, издржете го чувството на лутост и јадете чили, бидејќи е навистина лековит.

Чилито лекува 10 болести:

Делува антивоспалително

Спречува болка

Потикнува здравје во кардиоваскуларниот систем

Го подобрува варењето на храната

Го „храни“ имунитетот

Спречува рак на простатата

Потикнува слабеење

Спречува чир на желудник

Помага кај дијабетис тип 2

Намирници кои можете да ги јадете, а да не ја зголемите вашата тежина!

Намирниците кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќер и гликозен индекс, а тоа се:

Сирење

Само доколку се работи за парче сирење, тоа е богато со протеини и ве држи сити.

Јогурт

Научниците докажаа дека јогуртот е одлична замена за вечерна ужина. Преполн е со протеини и не содржи многу масти ниту пак шеќери. Иделно е кога во него има некое свежо овошје како што е тоа на пример боровница.

Јајца

Тие се уште една добра опција за вечерна ужина. Имено, едно јајце содржи 75 калории.

Зеленчук

Зеленчукот дефинитивно е најдобриот избор со кој нема да бидете гладни се до следниот ден.

Популарно