Не ви стигаат пораки на вибер – на овој начин решете го проблемот

Можно е и вие мака да мачите со вашата Вибер апликација, за која секако дека постои решение.

Доколку воопшто не ви стигаат пораки од оваа апликација, доколку воопшто не кликнете на неа, време е да ги промените подесувањата на системот.

Новата веризја на оперативниот Андроид систем има опција која поради штедење на батеријата ги исклучува позадинските процеси при заклучување на екранот или по одреден временски период па дури и Wi-Fi мрежата, па променете ги подесувањата така што Вибер засекогаш ќе остане вклучен на тие опции.

Прво обидете се Вибер апликацијата да ја активирате да работи секогаш кога има Wi-Fi мрежа. Одете на Settings, па General, каде ќе пронајдете Always connected. На тој начин Вибер никогаш нема да се исклучува при мирување на телефонот, без оглед дали вашиот уред е заклучен или не.

Вотор, обидете се со системот на телефонот, во менито Apps или Notofications, овозможете ги сите Вибер нотификации.

ФОТО: Пристигнува првиот смартфон со 10 GB RAM

Кинеското регулаторно тело TENAA издало сертификат за новата верзија на смартфонот Oppo Find X кој доаѓа со 10 GB RAM, а тоа е воедно првиот паметен телефон со волку "великодушен" RAM.

Oppo Find X би требало да биде првиот таков паметен телефон на пазарот доколку не го надмине некој од ривалите. Постои можност тоа да биде компанијата Vivo за која се шпекулира дека работи на развој на смартфон со 10 GB RAM. 

Познато е дека новата верзија на смартфонот Oppo Find X има 256 GB внатрешна меморија, а се уште не е познато каде ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.

Освен информациите за RAM и просторот за складирање, не се објавени некои други детали за новиот модел, но се претпоставува дека ќе има исти или слични опции како оригиналниот модел. Тоа значи дека ќе има екран од 6,42 инчи со резолуција од 1080×2340 пиксели, процесор Snapdragon 845, лизгачки дел со камери од 16 и 20MP и предна камера од дури 25MP.

ВИДЕО: Погледнете како изгледа култната гаража каде што е создаден Google

Големиот јубилеј – 20 години од основањето на компанијата, Google одлучи да го прослави на носталгичен начин.

Компанијата се сеќава на времињата кога Сергеј Брин и Лери Пејџ во мала гаража во местото Менло Парк ја создадоа првата верзија на Google и ја основаа компанијата која 2 децении подоцна ќе прерасне во најголемиот и најмоќен технолошки-интернет гигант на светот.

Сите кои што сакаат да видат како сето тоа изгледало во 1998-ма година, можат едноставно да „прошетаат“ низ гаражата благодарение на Google Street View.

Така ќе ги видите старите компјутери со оригиналното лого на Google, најразлични работи како и во секоја друга гаража, но и натписот „Светското седиште на Google“.

Ако утрово ви се случи ова проверете ги своите податоци

Друштвената мрежа Фејсбук соопшти дека денеска скоро 50 милиони корисници биле изложени на безбедносен проблем.

Ранливоста во заштитата на податоци хакерите можеле да ја искористат преку опцијата „Вју ез“ (View As).

Компанијата на почетокот од оваа недела откри дека до=ло до упад на системот, откривајќи дека хакерите ја користеле опцијата во кодот на Фејсбук, која им овозможила преземање на кориснички профили.

Фејсбук го „среди“ овој проблем и како што наведуваат во соопштението, надлежните органи се известени за истиот.

Денеска утринава повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук биле присилени да се одлогираат од профилот, што е вообичаена мерка за безбедност за профили кои се нападнати.

Компанијата навела дека не знае кој стои зад овој масивен напад, како ни дека уште не успеале да ја проценат неговата обемност. Како што навеле, уште се во почетна фаза на истрагата.

Повеќе за безбедносните надградби на фејсбук, прочитајте на официјалниот Фејсбук линк .

Популарно