ВИДЕО: 45 минутен секс врз надгробен споменик!

Млада двојка е снимена во текот на секс врз надгробен споменик, среде бел ден, и тоа го правел дури 45 минути.

Додека го шетал своето куче Скот Елвуд го забележал парот како има секс врз надгробен споменик додека поминувал покрај црква во околината на Манчестер.

Како што вели, толку бил огорчен што одлучил да ја сними акцијата.

На видеото се гледа жена од триесетина година како лежи врз надгробен спомени, додека момче на истата возраст, веќе е во акција.

Скот (20) помислил дека ќе прекинат кога го виделе, меѓутоа едноставно тоа не се случило, поради што снимката ја дал во полиција,  а тогаш следувал нов шок за него.

Набрзо му се јавило момчето од снимката и му порачал „да почне да живее“ и да „престане преверзно да ги шпионира луѓето“.

„Ми се пофали дека тоа го правеле дури 45 минути. Грозно е тоа што го правеа на нечиј гроб“, рече шокираното момче.

ВИДЕО: Македонци го киднапирале своето бебе од болница во Франција

Родители од Македонија се осомничени дека го киднапирале нивното 13-месечно бебе од болница во францускиот град Мец.

Детето се лекувало цели два месеца но се уште му е потребна постојана грижа и прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз здравјето на детето.

По настанот што се случил пред шест дена, била алармирана полицијата, а случајот се води како киднапирање бидејќи на безбедносните камери се гледа как мајката и таткото бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил.

Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството, дознава „Канал 5“.

Британски екперти: Земјата има 2 дена да се подготви

Експертите велат дека во Сончевата атомосфера се отворила дупка која овозможува сноп од радиоактивни честички да тргнат кон Земјата.

Британската Национална управа за океани и атмосфера (НООА) рекла дека очекува бурата да стигне во сабота, 22. септември. Велат дека бурата може да предизвика северно и јужно светло кога ќе стигне, додека НООА оваа бура ја класифицира како Г-З или „малолетна“.

НООА експертите велат дека геомагнетната бура од Г1 класа е можно да се случи на 22. септември кога соларниот ветер ќе удри во земјиното магнетно поле. Магнетната бура претставува привремено пореметување кое е предизвикано со бранови од сончев ветер од магетосферата на Земјата. Тие спаѓаат во пет категории - Г1, Г2, Г3, Г4 и Г5 и додека Г1 се смета за мала бура, за Г5 се наведува дека може да предизвика страшни последици врз Земјата. Се верува дека сончевите бури се едни од најголемите бури во човештвото. Тие може да предизвикаат огромни проблеми во напојувањето - предизвикуваат прекини кои може да бидат фатални.

ТРАГЕДИЈА: Младен и Александар заедно отидоа во Америка на печалба

Двете момчиња од Краљево, како и уште едно лице, загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Илиноис, а нивните пријатели собираат пар за да ги погребаат во татковината.

Триесет и две годишниот Младен Петровиќ и 31-годишниот Александар Саковски од Крааљево, како и уште лице, загинаа завчера, кога автопат се судрија два камиони.

Како што пренесуваат американските медиуми, до сообраќајка дошло кога возачот на камионот изгубил контрола, ја пробил банкината и преминал на друга трака и директносе судрил со друг камион. Меѓутоа, американските истражувачи кои работат на несреќата, до денес не објавиле точна причина.

Братот на настраданиот Младен, Никола Петровиќ рекол дека од пријателите дознале за трагедијата во Америка.

-Не знаеме ние како се случила несреќата. Младен и Александар отишле заено пред две ипол години, возеа камион заедно, а мојот брат беше возач и овде. Слушнавме дека ни се потребни многу париза да го пренесеме телото, не знаеме кога ќе го погребаме, а акцијата за собирање пари е во тек - рекол очајниот брат.

На сајтот на кој се собираат пари наведено е дека цената на транспортот на посмртните останки од САД во Србија изнесува 100.000 долари.

Популарно