ФОТО: Сопругот ја оставил поради килограмите, а сега мами воздишки

Лаура Перез првпат се појавила на телевизија кога имала 270 киломграми. Поради вишокот килогами во целост зависела од помошта на нејзиниот сопруг.

Со себе секогаш носела боца кислород за да може да дише, а потоа решила да се пријавил во емисијата „My 600-lb life”.

Во првата фаза изгубила дури 136 килограми, но не се запрела тука.

Многумина ги изненадила веста дека нејзиниот брак почнал да се распаѓа. Нејзиниот сопруг ја напуштил, по што таа драматично ослабела и веќе не ѝ била неопходна неговата помош.

Лаура денес работи, изгледа одлучно, а судејќи по нејзините фотографии посреќна е од претходно.

ФОТО: Принцот Хари е вистинска копија на неговиот дедо во младоста

Ако се прашувате како во младоста изгледал сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, само погледнете го неговиот внук, принцот Хари.

На свеченоста кога се откривал споменикот „Anzac Memorial“, во Сиднеј, во текот на турнејата на Меган и Хари во Австралија, кралскиот фотограф Крис Џексон, воочил голема сличност помеѓу внукот и дедото. Поради тоа, тој одлучил на својот Инстаграм профил да ја сподели насловната страница од магазинот „Paris Match“ од 1957-ма година, на која е младиот принц Филип, со фотографија од принцот Хари во истата свечена униформа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I spotted this beautiful 1957 vintage cover of a @parismatch_magazine whilst visiting our wedding venue in France a couple of years ago - Who does it remind you of!? Swipe right to see! I think it may have been colourised from a black and white negative but correct me if I’m wrong. Was very happy when the lovely people at @chateaurigaud let me keep it! Whilst today it’s very much a ‘Modern Monarchy’ it’s these historical reference points that make photographing the Royal family so unique and remind you of the centuries of tradition that remain at their core. #PrinceHarry #RoyalVisitAus #ParisMatch #History #DukeofEdinburgh #modernmonarchy

A post shared by Chris Jackson (@chrisjacksongetty) on

„На кого ве потсетува?“, напишал фотографот под фотографијата од насловната страница, а не требало да помине многу време за под фотографијата да почнат да коментираат неговите бројни истомисленици, кои се согласиле дека внукот и дедото изгледаат идентично. 

ВИДЕО: Менсур Кадриу од Арачиново направи Ламборгини од Рено Лагуна

Целиот облик на автомобилот е променет за приближно да може да изгледа на супер-автомобилот од Италија.

„Имав голема желба. Јас имам и филмска продукција, снимаме филмови. Ваков автомобил ни беше потребен за филм кој ќе го снимаме во јануари. Се сетив на ова и отидов купив Рено Лагуна. Го исеков и почнав да работат на полека собирајќи ги деловите. И еве сега изгледа вака“, рече Менсур Кадриу.

Менсур вели дека откако ќе заврши со Ламборгинито, ќе ги направи и новите модели на Бугати и Ферари.

„Планираме. Можам да кажам дека веќе порачавме два автомобила. Планираме да направиме најнов тип на Бугати и Ферари“, истакна Менсур.

ФОТО: Овој камен е продаден за 600.000 долари

Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.

Купувач на лунарниот камен е виетнамски државјанин, вработен во еден комплекс пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.

Каменот се состои од шест дела кои можат да се вклопат како сложувалка.

Тој е пронајден минатата година во пустинскиот регион на африканската држава Мавританија

Популарно