Зошто мажите клекнуваат пред жената кога запросуваат?

Според традицијата, мажот мора да клекне на едно колено во моментот кога ја запросува својата сакана

Верувале или не, клечењето на една нога се смета за модерен обичај. Гестот всушност не е стара историска пракса, туку се појавила пред крајот на Средниот век кај имотните жители.

Тогаш браковите биле однапред договорени без присуство на идните младенци, па така немало потреба од запросување. Во случаите кога немало надворешно мешање во врските, мажите клечеле пред жените кога биле вљубени, им пееле, посветувале песни и рецитирале.

Трите лаги за маструбација во која повеќето сеуште веруваат

Самозадоволувањето за многу жени е најсигурен, наједноставен и најлесен вид на сексуално задоволство. Меѓутоа, постојат многу стигми поврзани со оваа тема.

Речиси сите мастурбираат, но не зборуваат сите за тоа, иако мастурбацијата се смета за здрав и нормален дел на сексуалноста.

Луѓето кои се очајни, на кои им е здодевно или се преморени за секс, најчесто се поврзуваат со мастурбација како извор на инстант задоволство. Од друга страна, луѓето треба да престанат да пронаоѓаат изговори зошто мастурбираат и требаат да се соочат самите со себе.

Во продолжение, ви ги претставуваме трите најчести предрасуди поврзани со мастурбацијата.

Мастурбацијата е прифатлива за мажите

Постојат предрасуди дека женските полови органи се еден вид “машини за правење бебе”, а не и извор на сексуално задоволство. Честопати, родителите ниту училиштата не обрнуваат внимание на оваа тема и никој не разговара со младите жени за нивните органи, па затоа многумина од нив веруваат дека се “дизајнирани” да бидат помалку сексуални отколку мажите.

Мастурбацијата е лоша замена за сексуалниот однос

Општеството воглавно смета дека не сме потполни и дека треба да ја жртвуваме нашата индивидуалност кога влегуваме во однос. Но како што растеме, сфаќаме дека среќата не доаѓа од некој друг. Ние сме одговорни за исполнување на своите потреби и исполнување на своите желби.

Истовремено, се’ повеќе жени ги забораваат родовите стереотипи. Тие наоѓаат начини финансиски, емоционално и сексуално да се издржуваат, а многу жени бираат да живеат без сексуален партнер.

Не треба да мастурбирате додека сте во врска

Вистина е дека мастурбацијата е вид на соло секс, но тоа не значи дека морате да бидете сами. Статистиката покажува дека жените кои се во врска мастурбираат почесто отколку нивните партнери, и тоа особено жените со здрав сексуален живот. Времето кое го минувате сами со себе многу се разликува од времето кое сте го потрошиле со партнерот.

Како да препознаете дека ќе ве збудали во кревет?

Постојат знаци кои ќе ви кажат дали новиот маж во вашиот живот е вреден на тоа да ви стане љубовник. 

Проверете дали ветува и дали ќе биде добар во таа улога…

1. Се однесува како џентлмен

Ви отвора врата, помогнува да го соблечете капутот, се сеќава да ве праша за вашиот важен проект на работа? Се’ се тоа знаци дека мисли на вас, а ако е обѕирен џентлмен вон спалната соба, можете да бидете сигурни дека се подготвува кон вас исто да се однесува и кога ќе се изгасат светлата.

Добар љубовник знае да ве допира на вистински начин и вон спалната соба. Да ви посветува внимание а покрај него се чувствувате прекрасно.

2. Знае како да ве допира

Добар љубовник е оној кој ја цени сензуалноста и вон спалната соба. Мажот кој ви ја допира раката во текот на вечерата, нежно ви го допира грбот додека излегувате низ врата, незабележливо ве допира за рака додека шетате или ќе ве допира по целото тело. Исто така, оваа работа гарантира дека ќе имате добар секс.

3. Не се врти се’ околу него

Многу е веројатно дека типот на маж „да зборуваме сега малку за мојот автомобил“ нема да биде некој со кого ќе сакате да го повторите сексот, ако до него воопшто и дојде. Во кревет ќе ве усреќи оној кој прво ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве одведе во вашиот омилен ресторан иако не е најголем љубител на таа храна, со вас ќе погледне романтична комедија…

4. Не му се брза

Мажот кој со вас сака сериозна врска знае дека сте вредни за чекање. Поради тоа, ако ви каже „да причекаме“ или „не ми се брза“ немојте да мислите дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за да во креветот ви биде што подобар партнер.

5. Со него се чувствувате прекрасно

Мажот покрај кого во кревет ќе се чувствувате слободно не штеди на комплименти и ќе ве пофали за секоја ситница која ќе ја забележи на вас и која му се допаѓа. И преку начинот на кој ве гледа ќе се чувствувате секси и привлечни. 

Популарно