ФОТО: Мртвечка глава над Струмица

Вчера, Струмица осамна со нов симбол, поставен на врвот на Цареви Кули, ридот кој е највисокото и најзабележително обележје непосредно над градот. Граѓаните отпрвин не знаеја за што станува збор, но подоцна се увиде дека се работи за големо бело платно со насликана мртовечка глава. Очигледно некој предупредува на голема, смртоносна опасност која се надвила над Струмица и струмичко.

Која и каква би можела да биде таа опасност, кога некој се решил со таков впечатлив и интересен чин да предупреди на неа? Струмица инаку деновиве интензивно се подготвува за големиот Протестен марш, кој треба да се одржи на 16 јуни, од 12 часот, при што граѓани од цело струмичко, од Југоистокот, па и од цела Македонија, ќе се упатат до седиштето на концесионерот на рудникот Иловица, компанијата Еуромакс Рисорсис.

Очигледно, мртовечката глава на Цареви Кули е резултат на раноутринска герила-акција на струмичките еко-активисти.’

(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Има разлика меѓу овие протести и „шарената револуција“

Нема да го коментираме видото, освен што ќе напоменеме дека снимките од протестите пред влада, се пред „шарената револуција“. Како организатор стои сосема некој друг.

Дипитар Апасиев со солзавец во Собранието на Р. Македонија

Ви го пренесуваме во целост вчерашниот  ФБ статус на професорот Димитар Апасиев:

- Денешниот „бојкот“ на собраниската седница за ратификација на Преспанскиот договор од страна на ДПМНЕ отвора сомнеж дека и тие се дел од играта за промена на уставното име! Глумејќи парламентарна опозиција, во клучен момент, се откажаа од реметењето и толку потребната институционална СКАНДАЛИЗАЦИЈА на процесот на ратификација на квислиншкиот „договор“. Наместо, како најголема пратеничка група, да распалат со филибастеринг и да го закочат нелегитимниот и нелегален процес, тие напуштија терен и поразително си отидоа од седницата, препуштајќи ја палката на политичкиот непријател!? Или, да одговорам вака кратко и јасно ко шо му одговорив на еден пријател у инбокс кога ме праша: - „Брат, абе ти да беше пратеник, шо ќе напраеше денес“? Одговор: ЌЕ ИМ ФРЛЕВ СОЛЗАВЕЦ У ПАРЛАМЕНТОТ  ;)

#КадЈеБалНекЈеМаскенбал

#БојкотирајтеРеферендумАНеСобраниеБеАбдали

#ЈакобинскотоКрило

Спасовски: Полицијата не реагираше на време при неодамнешните протести пред собранието!

Никој кој нападнал полицаец или витална институција нема да биде амнестиран туку ќе биде приведен. Се подготвува пријавата и за лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за 1ТВ.


- Приведовме 26 лица од кои се идентификувани во масата 12 лица. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден колегите работеа на снимнките и сите кои ке бидат идентификувани ќе бидат приведени и предадени на јавното обвинителство. Го гледавте и лидерот на политичка партија Единствена Македонија како се качува на хермелин, тоа е директно попречување на службено лице во вршење на службена должност. Никој нема да биде амнестиран и за него се чека постапката и се чека реакција од јавното обвинителство. Секој еден кој направил вандализми е приведен или ќе биде приведен. Нас не не интересира дали е член на политичка партија или на навивачка група. Сите луѓе кои учествуваат на протести мора да го знаат тоа, рече Спасовски.

Тој упати апел до сите демоснстранти кои сакаат да се пресметуваат со полицијата, да размислат со своја глава дека кога ќе направат престап мора да одговараат. Потсети дека и на 27 април политичарите се оградија од насилниците.

Според Спасовски реакцијата на полицијата била како по учебник, дури и не реагирала баш на време бидејќи еден час била напаѓања од демонстрантите.

- Самиот факт дека имаме 10 повредни полицајци, еден потешко со напукнување на потколеница, другите девет со полесни повреди, имавме јавено во медицинските установи седум граѓани од протестантите говори дека полицијата реагирала и не баш на време. Тоа е показател дека толеранција имало, но таа во ниеден момент не може да биде злоупотребена, рече тој во интервју за 1ТВ.

Популарно