(ВИДЕО) Во Германија силно невреме, делови од земјата под вода – снимките запрепастувачки

Големо силно невреме проследно со обилни врнежи од дожд и град погодија делови од Германија, а зад себе оставија поплавени улици, продавници, домови, срушени стебла, заробени автомобили и луѓе во нив.

На друштвените мрежи набрзо се појавија фотографии на кои се прикажани последиците од невремето.

Сѐ уште нема информации за евентуални повредени лица.

Сончево со умерена облачност попладне

Во текот на денешниов ден , времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 14 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура до 23 степени. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Претпладне сончево , во попладневните часови променливо облачно

Во текот на денешниот ден се очекува времето да биде: претпладне сончево со умерена облачност, а  во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 24 Целзиусови степени, Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци 26, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Дојран 28 степени.

За утре прогнозата е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 степени, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Маврово 14, Охрид 18, Битола 20, Дојран 26 степени.

Денеска грмежи, дожд и град!

Денешниот ден ни носи услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, па дури и редок град. Максималните днервни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени додека најтопло ќе бидеутре со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Веќе во четврток попладне и навечер атмосферата ќе започне на повеќе места да се дестабилизира и тоа под повторно влијание на АНДРЕА па така на повеќе места се очекува пороен дожд, грежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста за невреме со град, силен ветер и електрични празнења. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон петок и во петок кога локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Поради спуштање на посвежа воздушна маса од север во петок ќе дува северен ветер кој локално ќе биде засилен по интензитет и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот за пет до шест степени и истите во петок ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Повторен пораст на температурите ќе имаме за време на викендот но и понатаму ќе има услови за локална нестабилност. Повторно поголеми услови за нестабилност ќе има во текот на следната недела што значи влијанието на АНДРЕА според најновите направени анализи ќе продолжи и во текот на следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

Популарно