Поранешната на Бурак Озчивит не ја остава неговата сопруга на мир

Џејлан Џапа, поранешната девојка на Бурак Озчивит, со која беше во врска три години, се уште не го остава на мир бившиот.

Имено, Џејлан со последното видео на Инстаграм ги наведе луѓето да мислат дека содржината е упатена на неговата сопруга Фахрие.

Екс-девојката на турскиот заводник, која ја остави за Фахрие, постави видео на кое се снима како се враќа од теретана и за тоа напиша „Еве што значи да се биде без шминка“.

Потсетуваме дека фахрие неодамна објави фотографија на која напиша „без шминка“ како одговор на новинарите кои тврдат дека правела пластична операција на лицето. Бурак не ја пропушти шансата да ја поддржи сопругата со коментарот:

-Така е, потврди тој.

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on

Доста мала е разликата меѓу овие две објави, со што поранешната само даде до знење дека не го преболела Бурак.

Златна Петорка во режија на Горан Тренчовски ја доби наградата за најдобар странски филм

Златна петорка во режија на Горан Тренчовски ја доби наградата за најдобар странски филм на реномираниот филмски фестивал во Велс Cardiff International Film Festival.

 Во конкуренција од над 2000 апликанти, жири составено од еминенти филмски професионалци ја додели наградата за најдобар странски филм на македонскиот филм Златна Петорка.Со над триесет фестивали и единаесет награди, филмот Златна Петорка е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија. 

Филмот веќе трета сезона патува по фестивали и досега е прикажан на сите континенти, учествувал на над 30 фестивали и освоил 11 награди, а го виделе над 80.000 гледачи, со што е најуспешен македонски филм последнава деценија. Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ - Скопје).

Првиот сопруг на Милена Дравиќ се појави на погребот

Српската актерка Милена Дравиќ вчера беше погребана во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта покрај својот сопруг Драган Николиќ.

На погребот присуствуваше нејзиниот прв сопруг, режисер и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ кој се појавил со црвена ружа во раката оставајќи ја на местото каде почина неговата најголема љубов.

Милена и Пируша се венчале во 1960 година, а во брак биле неколку години. Во едно интервју тој има откриено дека од сите жени, најмногу ја сакал токму Милена.

-Од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, уште единствено и најмногу ја сакам Милена Дравиќ, изјавил во една прилика Ѓорѓевиќ.

ФОТО: Раде Шербеџија скршен од болка

Раде Шербеџија, која Милена ја гледал како своја сестра, скршен од болка не можешел да ги задржи солзите.

Десетици актери во петокот присуствуваа на комеморацијата посветена на Милена Дравиќ која истиот ден беше погребана во Алејата на заслужни граѓани до сопругот Драган Николиќ.

На сцената во „Ѕвездара“ театарот говор одржаа голем број колеги на Милена, а на истите никој не останал рамнодушен и ретко кој можел да ги задржи солзите.

-Таа едноставно беше нешто, како да кажам, нешто што се вика најдобро. И што се чувствува така. Тоа што човек најмногу ќе го запамети за неа, секако се нејзината извонредна вештина, глумата, но се вкупно кога се зборува тоа е невидена искреност која плени на екран и која плени во животот. Искрено живееше до последниот ден и до последниот здив од својот кадар на филм. Милена е неповторлива, а покрај нејзината искреност, ќе ја паметам и по револуцијата. Таа како Јованка Орлеанка го предовдеше својот народ и беше олицетворение на чистотата, вели Шербеџија за својата пријателка.

Популарно