Соларни ролетни што ќе ви ја намалат сметката за струја

Доколку немате доволно пари за поставување на соларен кров на својата куќа, а би сакале да ги намалите сметките за струја со помош на некој систем за добивање бесплатна енергија, можете да размислите за паметните SolarGaps ролетни.

SolarGaps ролетните можат да генерираат 50 ватчасови енергија по метар квадратен. Секое ребро на себе поседува тенки сончеви панели кои се споени на мотор кој ги насочува кон сончевите зраци, а енергијата која се собира се складира во батерии.

Производителите велат дека соларните ролетни не се сосема нова работа на пазарот, но SolarGaps создава значително повеќе струја во однос на другите.

Во Градски парк „никна“ куќичка изработена од трупецот на старо и исушено дрво

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на старо исушено дрво во Градскиот парк.

Оттаму информираат дека идејата е во иднина наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

ФОТО: Таа е природна барбика, а никогаш не била под нож

Русинката Анџелика Кенова, скоро никогаш ја нема напуштено својата куќа сама. Секогаш кога и да излезе, со неа има и неколку телохранители, затоа што според пишувањата на руските медиуми, таа е толку убава, а родителите така ја штитат од машките.

Анџелика изгледа како човечка барбика, а се чини дека предизвикува големо внимание.

-Додека растев, родителите ме одгледуваа како вистинска принцеза и не ме пуштаа надвор да излегувам со момците, па немав искуство како другите девојки. Затоа сега не водам нормален живот, јас сум како кукла.

Додека била девојче родителите ме претвораа во барбика и ми беше мило луѓето така да ме доживуваат, затоа што таа идол на девојките ширум светот, вели Анџелика.

Тврди и дека хируршки никогаш не го менувала своето тело, како и дека секој дел од нејзиното тело е природен, иако многу не и веруваат.

Додава дека родителите ја тераат редовно да вежба, а признала и дека сака да го напушти својот живот под стаклено  ѕвоно и почнала да живее како сите нормални луѓе.

Досега необјавена ФОТОГРАФИЈА од Тито: Маршалот на Бриони, во ѓаќи за капење

Јосип Броз Тито беше познат човек кој сакаше да ужива во луксуз, а тоа му го овозможуваше неговиот статус претседател на СФРЈ.

Познати се неговите фотографии кои сведочат за убавиот живот кој некогашната држава ја водеше "најголемиот син на нашите народи и народности", а оваа која е ретко покажувана во јавноста, покажува како Тито ужива на плажа.

Беше бравар, но живееше како цар!

Популарно