ПОПОСКИ:Температурите ќе одат под нулата, услови за појава на голомразица па ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и циклон

Во текот на претстојната ноќ облачноста само накратко ќе се намали, сето ова ќе услови температурите позначително да опаднат па така до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени додека на повисоките и на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени.

Поради ниските температури на воздухот по патиштата низ државава ќе има услови и за појава на голомразица па токму поради ваквата ситуација на пешаците ги предупредуваме да бидат внимателни како и каде се движат, исто така крајна претпазливост им препорачуваме и на возачите и тоа особено доколку се движат низ планинските превои.

Веќе од вторник па натаму под влијание на циклонскиот систем кој го најавивме врнежите ќе зачестат и ќе бидат поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките места и на планините снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка, повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои пониски места.

Исто така од вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Временска прогноза за ден недела 20 јануари

Денеска времето во Македонија  ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд претпладне, а на планините ќе врне повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд на пониските места, а на планините ќе врне снег. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а веќе од вторник, особено во западните и јужните делови, се очекуваат повеќе врнежи. По котлините ќе има појава на магла

Попоски:Локални врнежи од дожд , а на повисоките места снег

Во текот на следните неколку денови, поточно некаде до вторник ќе продолжи променливото време со локални послаби врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, повремено мешавина од дожд и снег има услови и на некои од пониските места.

Понекаде низ котлините ќе има услови и за појава на замрзнат дожд па затоа крајна претпазливост.

Ќе биде претежно тивко и покрај тоа што на некои места ќе дува слаб ветер од променлив правец па така по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури на воздухот само понекаде ќе се спуштаат под нулата додека истите на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени додека на југоисток истите можно е да се искачуваат и малку над 10 степени.

Веќе од вторник па натаму како што веќе и најавивме и информиравме, под влијание на изразен циклонски систем кој ќе се формира некаде над Италија ќе имаме почести и поинтензивни врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка значително ќе се зголеми, повремено врнежи од дожд и снег ќе има и на некои од  пониските места особено на западот и северот од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Популарно