Вашиот родител крадел струја, сте имале од кого да учите

Мојот родител Иван Мицкоски никогаш не учествувал ниту во оценка ниту во изготвувањето на магистерскиот и докторскиот труд, а тоа ќе се потврди и на крајот од емисијата кога ќе се утврдат фактите кои што се изнесуваат за време на емисијата, му реплицираше Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на Зоран Заев, претседател на СДСМ и премиер во вечерашната дебата на телевизија „Канал 5“ на темата непотизам.

- Напротив, еден ваш соработник во Владата бил дел од комисијата и за докторскиот и за магистерскиот труд и може лично да ви посведочи дали мојот родител бил или не бил, му порача Мицкоски на Заев во тв-дуелот.

Мицкоски му посочи на Заев дека имал од што да учи бидејќи, јавноста знаела дека неговиот татко бил обвинет за крадење на електрична енергија, потенцирајќи дека тој му е пример во животот како да се однесува.

- Изгледа вашиот родител добро ве научил, бидејќи тој имаше едно обвинение за кражба на електрична енергија, па сигурно не го влечете вака пример во животот како да се однесувате понатаму, му одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не доставила амандмани

Министерството за правда денеска до крајот на работното време не ги добило амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред дуелот со Зоран Заев на Канал 5 ТВ.

До крајот на работното време, не добиле нивните служби. Не ја исклучуваат можноста тие да се пратени по пошта и оти може да стигнат утре.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ,  Заев информира дека денеска неговата партија доставила 65 амандмани за законот, со кој се регулира и статусот на СЈО.

Заев истакна дека пред емисијата не бил информиран за тоа и најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите.

Мицкоски рече дека неговата партија и до Министерството за правда и до меѓународната заедница ги доставила амандманите, откако Министерството претходно ги прифати принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

ВИДЕО: Заев одби да носи значка со „Република Македонија“

На самиот крај од вечерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата му даде мал подарок на премирот, но тој го одби.

- Нема да го носам, заради тоа што по устав е Републиика Северна Македонија. Вие ако не го признавате уставот, вие го носете, му одговори Заев на Мицксоки.

Овој дел можете да го погледнете на 2 минути пред крајот на дебатата.

Популарно