Геровски вчера: Имаме едно реалистично решение, кое во основа ги задоволува и двете страни

Пред еден месец (на 14 мај), Бранко Героски, како новинар и аналитичар што долго ги следи преговорите за спорот со Грција и името, напиша колумна со наслов „Верувам во Заев, нема да прифати сѐ што ќе побараат Грците!“.

Во таа колумна, Героски објаснува дека тој лично поддржува компромисно „ерга омнес“ решение, меѓутоа во форма на целосна исклучиво меѓународна употреба, но не и внатрешна.

„Сакам да нагласам дека таа формула erga omnes, која јас ја прифаќам како единствено можно и реалистичко решение во овој момент – да повторам, име за целосна меѓународна употреба! – е огромна отстапка од македонска страна и дури и кршење на логиката на билатералните договори. Имено, правото вели дека билатерален (inter-partes) договор не може да обврзува трети страни. Што значи тоа? Договорот меѓу Македонија и Грција за новото име не мора да ја обврзува Турција, на пример, која може и понатаму слободно да ја ословува нашата земја според билатералниот договор склучен со неа“, пишува Героски.

Целиот текст можете да го прочитате со КЛИК ТУКА.

Но, вчера во гостувањето на Канал5 телевизија, новинарот драстично го промени својот став.

Вистински компромис е кога двете страни се незадоволни. Далеку е од тоа дека треба да се говори за триумф, но и за поразеност. Мислам дека имаме едно реалистично решение, кое во основа ги задоволува и двете страни, изјави Бранко Героски.

– Можеме да дебатираме дали можело и подобро, но во овој момент извлечен е максимумот од процесот. Не сум срекен што ерга омнес е и за внатрешна употреба, но решението зависи од објективните можности, проценето е од страна на владата спорот да се заврши на начин да се зачува идентитетот, јазикот македонски, националноста македонска, во основата на композитното име е нашето историско име Македонија, и тоа се смета како сериозно големо достигнување. Можело да се преговара уште 25 години, но одлагањето не секогаш беше мудра идеја – дополни Геровски.

Поразителни бројки: Македонија се иселува!

Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Изминатите денови беа пласирани фрапантни податоци дека за три месеци од почетокот на оваа учебна година од основните и средните училишта во Општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство.

За една година, пак, од штипските основни и средни училишта заминале во странство со своите родители вкупно 77 ученици. Податоците на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека бројките се поголеми во основните училишта, од каде што биле отпишани 48 ученици, а од средните 29.

Според истражувањата на терен бројката на отпишани ученици поради иселување на фамилиите во странство процентуално е приближно иста како во Кочани и Штип односно изнесува околу десетина проценти на годишно ниво.

Истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики покажа покрај тоа дека 76,7 отсто од младите кои живеат во државава размислуваат да се иселат. Клучна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот кој, покрај материјалните аспекти, ја опфаќа целокупната ситуација на политичка и економска несигурност во државата, квалитетот на јавните услуги во образованието, здравството, социјалната заштита, можностите за личен и кариерен развој, вклученоста во процесите на носење одлуки што ги засегаат.

Овие тенденции се сосема спротивни од најавите на актуелната Влада дека ќе ги врати иселените млади лица од државава но реалноста е сосема поинаква до тој степен што во последнава година иселувањето дури и е драстично забрзано.

Мијалков ја прислушкувал и својата сопруга, па дури и својот брат!

Освен стотината политичари, бизнисмени и новинари, тарге на прислучкувањето за кое е обвинет Сашо Мијалков, биле и броевите на Александра Мијалкова, сопругата на Мијалков и на неговиот брат Влатко Мијалков.

Ова денес го откри сведокот Ѓорги Лазаревски, кој на прашање на обвинителот дали имало сензитивни таргети, ги посочи Александра и Влатко Мијалков.

На ова, со гестикулации, негодуваше екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Лазаревски заедно со Звонко Костовски со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК, и подоцна  ја открија аферата „Таргет“.

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село Боро Стојчев пуштен порано од затвор!

Боро Стојчев, поранешниот градоначалник на општина Ново Село кој требаше да биде во затвор шест месеци поради обид за шверц со цигари е пуштен порано на слобода поради примерно однесување. Наскоро во општина Ново Село следуваат избори за избирање на нов градоначалник.

Веста ја потврди директорот на струмичкиот зaтвop, Борче Цветков. Тој информираше дека Стојчев од зaтвop излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната.

Популарно