(ВИДЕО) Ученици дознале дека професорот спие во училиште бидејќи нема пари, па решиле да го изненадат

Бруно Рафаел Паива, професор од Бразил, се соочил со големи финансиски проблеми. Тоа го дознале и неговите ученици. Тие откриле дека нивниот професор не добил плата веќе два месеци, па поради тоа бил принуден да спие во училиштето.

Ја заменувал колешката која била на породилно отсуство, но поради спората бирократија плата не добил два месеци.

Кога го дознале тоа учениците, собрале 400 долари и му ги подариле како плата. Тој гест навистина го погодил:

-Ова не е реално! Како можевте да го направите ова?- рекол тој кога ја отворил кутијата во која се наоѓале парите.

Бог се јави-Навистина се јави

Православнните верници денеска го слават Богојавление - 19 јануари или Водици и овој празник означува крај на некршениете денови кога во црквите не се вршат обреди за крштевање. Овој верски празник е исклучително важен бидејќи се слави во чест на потсетување дека мисијата на Исус Христос не е започната со раѓањето, туку со неговото крштевање, кога заедно со појавиле Таткото, Синот и Светиот дуг по прв пат (оттука и името Богојавление). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. Богојавление бил празник на претхристијанскиот бог-давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите. Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава“. И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”. Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести.

Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се напрви откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот. Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Како што забележал Кузман Шапкарев во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци. Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените. Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Овој ритуал го симболизира влегуањето на Христос во реката Јордан.

Денеска се слави Водокрст

Денешниво ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот.

Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на водата, но и со обезбедување плодородие во годината што следува. Може да се види дека многу од овие обичаи водат потекло од претхристијанскиот период, но во христијанството добиле нова смисла и значење.

Еве пример за еден обичај на овој ден во селото Слатино Охридско: Рано наутро, кон два-три часот на знакот на камбаната попот и кумовите одат во црквата Богородица или Горна Црква, како што ја викаат, затоа што се наоѓа над селото. Секој кум носи по едно бакарно котле полно со вода во кое стои крстот на компанијата што тој ја претставува.

На средината на црквата има ставено маса врз која стои еден голем котел полн со вода и едно мало котле, исто така, со вода во кое стои црковниот крст. На масата исто така стојат и книгите од кои попот чита молитви. Околу масата кумовите ги ставаат своите котлиња и тие полни со вода. Додека доаѓаат кумовите и потоа додека се собира народот во црквата попот изведува служба, а со тоа ги пее и водата и крстовите. Од пеаната вода што се наоѓа во котелот подоцна луѓето земаат во шишиња и ја чуваат за лекување на разни болести.

Откако ќе се соберат сите кумови и ќе ги наредат котлињата со крстовите околу масата попот заедно ги пее сите крстови и водата. Потоа ги преврзува крстовите, поточно ги преврзува само оние крстови што не се правилно врзани. Оние крстови пак, што се добро врзани попот само ги зема во раката, ги поткрева и пак ги остава. Но задолжително секој крст треба да го земе, да го поткрене и дури потоа да го остави. Крстот правилно се врзува на тој начин што најпрвин посебно се врзува босилекот со црвен конец, а потоа се прицврстува на крстот при што не се мота туку само се прекрстува колку да држи и тоа задолжително од задната страна, за лицето на крстот да е чисто.

Откако ќе заврши церемонијата со пеењето на крстовите и на водата сите присутни се растураат и си одат дома. Кумовите од другите села одат на ручек кај попот. Кумовите од селото, пак, одат дома само за да земат по една погача и по едно шише ракија и и тие одат на ручек кај кумот. Попот секогаш за ручек дава посен грав, зашто овој ден е строг пост. Во оваа пригода кумовите му

плаќаат на попот за пеењето на крстовите и на водата. Бидејќи се плаќа по куќа (по семејство) повеќе плаќа оној кум чија компанија е поголема. Подоцна следниот ден, вечерта компанијата решава дали тие пари ќе останат трошок на кумот или пак секое семејство ќе си го плати својот дел. Најчесто кумот ја плаќа целата сума.

Околу пладне секое семејство носи по еден товар дрва кај кумот. Тоа е еден вид помош за кумот, а му помагаат и за цепење на дрвата како и за други работи со цел подобро да се подготви за празникот. Кон зајдисонце кумот оди на канење во сите куќи од својата компанија. Во селото Слатино на канење одат заедно стариот и новиот кум, што значи тој што го имал кумството во текот на изминатата година и тој што на празникот треба да го земе крстот, а со тоа да го наследи и кумството за наредната година. Во некои други села на Дебарца, на пр. во Арбиново кумот на канење оди со кои било двајца мажи од компанијата. Кога ќе влезе во куќата откако ќе поздрави со Добровечер веднаш со крстот и со босилекот почнува да прска од водата во котлето. Притоа ги прска луѓето, сите простории во куќата, потоа просториите каде што се чува житото и другиот бериќет, а потоа тоа го прави во шталата каде што живее добитокот. Таму прскајќи благословува: „Да се множи стоката, од едно илјада“, итн. Потоа пак се враќа во куќата каде што му дават да вечера. Кога кумот ќе влезе во куќата домаќинот залепува една свеќа на котлето која откако малку ќе погори ја зема ја гасне и ја чува за здравје и среќа во текот на годината до следните Водици. Посветените свеќи според народното верување имаат посебна моќ. Тие ја чуваат куќата од разни несреќи, болести, пожари, громови и др.

Порано кумот вечерал во секоја куќа и тоа само посна храна. Во секоја куќа за него има подготвено посебно место каде што ќе седи. Тоа е постела плетена од слама (рогузина) брз која иставено ржана (чукана) слама и ралникот од плугот. Сламата според верувањето има привлечна моќ за и за боговите и за душите на предците. Следниот ден кога крстот ќе го фрлаат во водата оваа слама се става во реката, а со неа и ралникот од плугот. По празникот со сламата се врзуваат овошките да не ги јадат штетници (да не ги гризат зајаци, гасеници и др.) и да дадат побогат род. Се верува дека сламата што била во допир со кумот, подоцна ќе ги чува дрвата од секакви негативни влијанија.

Кога кумот влегува во куќата сите присутни му бакнуваат рака и во котлето ставаат пари. На заминување тој го кани целото семејство следниот ден да му дојде на гости. Тогаш му земаат од пеаната вода од котлето и му дотураат од своите садови со вода. Тоа се прави за да не остане котлето празно зашто кумот остава вода во сите куќи од компанијата каде што кани. Во секоја куќа

се повторуваат овие обичаи.

Со овој тип на овошје бидете внимателни

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

Популарно