Силно невреме вчера ја зафати Србија, проследено со силен ветер, дожд, град и грмотевици, а водата носеше се пред себе на улиците.
На делови е прогласена вонредна ситуација. Штети претрпеле повеќе од 20 населби.
Поплавени се неколку села, распукани се и патишта од водата.
Водата влегла и во многу куќи.
Невреме е најавено и за денеска.