Хурем била камшикувана и поминала низ голгота!

Прекрасната актерка немала многу убав живот, посебно оној љубовниот со кој Мерјем Узерли (34) и понатаму мака мачи.

Дамата која стана славна по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ никако не може да ја пронајде својата сродна душа и тој проблем отворено го споделува со јавноста. Мислела дека наишла на вистинскиот кога ја започнала врската со 17 години постариот бизнисмен Кан Атес.

Потоа таа останала бремена, а тој ја принудувал да абортира, бидејќи тоа веќе му било трето дете од неколкуте бракови. Заминала од него и сепак, ја родила ќерката Лара.

Потоа впловила во две врски. Едната беше официјализирана со свршувачка, но „пукнала“, а следната траела само два месеци.

Мерјем и понатаму има големи проблеми во љубовта, но нејзината најголема среќа е токму ќерката Лара.

Животот на оваа 34-годишна актерка и тоа како е чуден. Низ што сè поминала последните години поради што била мошне лабилна.

На 19 години била камшикувана затоа што прошетала полугола низ Дубаи, каде таквиот чин е забранет.

– Мислев дека нема силно да ме удираат, ама беше ужасно. Не ми се веруваше што преживувам, а мажот кој ја извршуваше оваа налудничава казна ми се смееше в лице. Тоа ме доведе до лудило – раскажала своевремено Мерјем, пренесува CdM.

Не сакаш да те остави за друга? 11 лекции од Хурем Султан за секоја жена

Кога сте млади, млад брачен пар, се е поинаку. Се е лесно. Целиот свет на едниот се состои од личноста и постоењето на другиот, секој виц е среќа и изненадување, секој допир е возбуда а проблемите изгледаат минливи и неважни затоа што секогаш постои она… млади сме, има време.

А потоа доаѓаат предизвиците, кариерата, сметките и обврските, прилагодување на околината и фамилиите, децата… одеднаш, целиот свет не се состои од личноста на другиот, туку во него има и други елементи и приоритети. Допирите не се така возбудливи, духовитоста на едниот понекогаш на другиот му изгледа како инфалтилност или патетичност.

Секој од двајцата мисли дека светот му паднал на грб, обврските се само негови а ужива другиот. Се почесто се поставува прашањето ова ли е тоа, и ваќа ли ќе живееме… најпосле, се поретко важи правилото – има време.

Време е да застанете, и да побарате решение за излез од тој ритам на губитништво. Да не чекате од него да ги сврти работите, бидејќи тој не е толку силен колку што с епретстаува, и колку што с езамислува себеси. Сила има, но мотивите опаѓаат од ден на ден. А ако вие сте му биле мотив да влезе во заедниќчки дом со вас, и да го дели животот… секогаш можете да му бидете повторно. Недостасува само малку. Толку малку, што ќе се зачудите. Почнете од зборовите и малите секојдневни гестови, и трпеливо очекувајте резултат кој ќе дојде, сигирно и без сомневање.

За жал, во бракот, жените многу често одат во крајност однесувајќи се како учителки кои постојано даваат примедби и поставуваат барања, со резултати од кои се ретко задоволни, или на друга страна себеси се претставуваат и доживуваат како жртви на состојбата и својот сопруг, неговиот карактер, кариера… префрлајќи ја одговорноста за се далеку од себе. А не е така.

Замислете да се разведете. Идниот ќе го добие сето тоа од вас: убавите зборови, вниманието, малите гестови… и за почеток ќе биде подобар од минатиот – затоа што вие поинаку постапувате со него. Со време, ако вие немате иницијатива, воља и план и тој ќе стане како бившиот. Ако не и полош, а вие за нов развод нема да бидиете така комотни и лесно подготвени. Ако во одност со пријателките, колегите и колшеките, роднините или соседите… свесно се трудите да им го дадете тоа што тие го очекуваат од вас, не ли е логично најмногу од тоа да дадете за оној со кого сте одбрале да го поделите животот до самиот крај. Тој, за разлика од спомантите од вашата околина, ќе биде секогаш тука.

Што можете, навистина, да направите за него, а со тоа и за себе и својот живот а тоа да не бара премногу напор, пари, време и жртвување. Да му ко кажете она што вие сакате да се случи, а што тој сака да го чуе. Обидете се, ништо не можете да загубите, а да добиете можете многу.

„Ти се добар татко, децата те обожуваат.”

„Можеше да му облечеш блуза што ќе одговара со панталоните”, „Си му дал погрешна кашичка”… лесно е да се изгубите во бесконечниот круг од критики. Престанете да се фокусирате на она што вашиот сопруг не го прави или го прави погрешно и фокусирајте се на она што го прави.

Пофалете го кога се труди да го подготви вашето дете за во училиште, го подучува како да се однесува, му држи спортски лекции или му чита приказна за добра ноќ. Кажете му дека е прекрасен татко.

„Верувам во тебе.”

Да, да, веќе го предупредивте вашиот сакан за можните последици од неговите постапки, но одолејте му на искушението да ги изговарате најомразените зборови „Ти реков…” секогаш кога тој нешто ќе направи погрешно. Наместо да налевате бензин во огнот, поттикнете го да не се предава и да се обидува повторно и повторно и… повторно, сè додека не успее.

Егото на еден маж најбрзо може да биде срамнето со земјата кога личноста која најмногу му значи покаже дека се сомнева во неговите способности. Речете му на сопругот „Верувам во тебе” кога тој се обидува нешто да направи и гледајте како се преобразува во супер-херој со вонсериска самодоверба.

„Секогаш добро го правиш највкусното за нас”

Мммм… утринско појадок во кревет. Која жена не би го посакала тоа? Но, за да го мотивирате да ве разгалува, кажувајте му колку е добар во исполнувањето на таа мисија.

Пофалете го кога ќе ви направи кафе наутро, ќе ви подготви појадок, макар и тоа да е лепче со џем, или пак ќе вложи максимум за да ви го зготви неговиот кулинарски специјалитет. Ценете го секој гест ако ве усреќува. И кажувајте го тоа гласно.

„Никој не успева да ме насмее како што можеш ти”

Луѓето често летаат низ животот заборавајќи да ги ценат физички невидливите нешта кои се пресудни за нивната среќа. Забавете со темпото, погледнете позадлабочено во постапките на вашиот сопруг и дајте му до знаење дека забележувате колку убави нешта се кријат во неговата внатрешност. Мажите знаат дека жените ценат добар хумор и постојано се трудат да се усовршат на тој план. Па, не е на одмет една мала потврда од ваша страна дека тој е сè поблиску до титулата ек

Вечерва се доделуваат Оскарите, еве кој има најмногу номинации

Вечерва Американската академија за филмски уметности и науки ќе ги додели Оскарите на 96-тата церемонија што ќе се одржи во театарот Долби во Лос Анџелес.

За време на Оскаровската вечер на сцената ќе се појават голем број познати влијателни имиња од светот на филмот, а меѓу нив овој март ќе бидат Брендан Фрејзер, Мишел Јео, Ке Хуи Кван и Џејми Ли Кертис.

Најавени ко-домаќини се Махершала Али, Николас Кејџ, Метју Меконахи, Лупита Нионго, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Сем Роквел, Зендаја, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Мајкл Китон, Реџина Кинг, Џенифер Лоренс, Кејт Ри Моренон , Џон Мулејни, Кетрин О’Хара, Октавија Спенсер, Реми Јусеф, Емили Блант, Синтија Ериво, Америка Ферера, Сали Филд, Рајан Гослинг, Аријана Гранде, Бен Кингсли, Мелиса Мекарти, Иса Реј, Тим Робинс, Стивен Спилрон, Форест Витакер…

Најголем број номинации:

„Опенхајмер“ – 13 номинации

„Сиромашни работи“ – 11 номинации

„Убијци на цветната месечина“ – 10 номинации

“Барби” – осум номинации

Номинации за најдобар филм:

„Американска фикција“

„Анатомија на еден пад“

“Барби”

„Додржувачите“

„Убијци на цветната месечина“

„Маестро“

„Опенхајмер“

„Минатите животи“

„Сиромашните работи“

„Зона на интерес“

Номинации за најдобар режисер:

Џастин Трит – „Анатомија на падот“

Мартин Скорсезе – „Убијци на цветната месечина“

Кристофер Нолан – „Опенхајмер“

Јоргос Лантимос – „Сиромашните работи“

Џонатан Глејзер – „Зона на интерес“

Номинации за најдобар актер:

Бредли Купер

Колман Доминго

Пол Џамати

Килијан Марфи

Џефри Рајт

Номинации за најдобра актерка:

Анет Бенинг

Лили Гладстон

Сандра Илер

Кери Малиган

Ема Стоун

Номинации за најдобра споредна машка улога:

Стерлинг К. Браун

Роберт де Ниро

Роберт Дауни Џуниор

Рајан Гослинг

Марк Руфало

Номинации за најдобра споредна женска улога:

Емили Блант

Даниел Брукс

Америка Ферера

Џоди Фостер (Џоди)

Да’Вајн Џој Рендолф

Номинации за најдобар странски филм:

„Друштво на снегот“ – Шпанија

„Зона на интерес“ – Велика Британија

„Салон на наставниците“ – Германија

„Јо Капитано“ – Италија

„Совршени денови“ – Јапонија

Џенифер Гарнер во нова семејна комедија

Џенифер Гарнер и Ед Хелмс глумат во новата божиќна комедија „Family Switch“. Филмот пристигнува на 30 ноември, а официјалниот трејлер објавен на Јутјуб има речиси три милиони прегледи.

Приказната е заснована на детската книга „Време за спиење за мама“ (Bedtime for Mommy) од Ејми Круз Розентал, од 2010 година. Се раскажува за семејството Вокер каде што се случува хаос неколку дена пред Божиќ, кога „ретка вселенска појава“ ги заменува душите во телата на родителите и децата - тинејџери, а во куќата има и куче...

Филмот е режиран од Џозеф Мекгинти Никол, попознат како „Мекги“, според сценарио на Адам Штикирлс и Викторија Строус. Во филмот играат и Ема Мајерс, Брејди Ноун, Матијас Швејфер и Рита Морено.

(Видео) Објавен трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски

Објавен е првиот трејлер за филмот „Недела“ кој ја следи животната приказна на легендарниот изведувач на народна музика Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година од срцев удар.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.

Иако немал лесно детство, кое во најголем дел го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни да стане дел од животот на многумина.

Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“.

Популарно