Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ кој се сликаше со Заев и Ципрас во Преспа

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој.

Во телефонски разговор со Локвенец, тој изутринава не сакаше да го коментира настанот, упатувајќи на повеќе информации во билтенот на МВР.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен синоќа во 23.05 часот во СВР-Битола. Пратеникот Локвенец пријавил дека околу 23 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил  изгаснат. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пожарникар почина по интервенција во Скопје

47 годишен пожарникар починал откако му се слошило при интервенција на пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје. Според информациите кои ги соопшти полицијата, пожарникарот Г.Ј. (47) заедно со колегите интервенирал на опожарена сува трева и напуштени објекти околу 16:30 часот. 

При гаснењето на пожарот на пожарникарот му се слушило и со возило на Брза Помош бил префрлен во комплексот клиники Мајка Тереза каде починал.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Наодите од судска медицина ќе треба да покажат кои се причините поради кои починал 47 годишниот пожарникар. 

Син ја заклал мајка си, па ја јадел со денови, цела куќа била со крв и делови

Незапаметен масакр се случи во регионот, во БиХ, кога син си ја убил мајката, ја искасапил и јадел.

60-годишната Насихе Велиќ од местото Баштра чие убиство го признал нејзиниот син Сабахудин, била цела искасапена, откако Велиќ како што пријавил во полиција во Сараево, со секира ја убил, го сечел десет дена нејзиното тело, делови ги запалил и ги закопал на различни локации околу куќата, а дел ги јадел.

Неколку багери копале околу куќата каде биле пронајдени делови од телото на жената, а синот се бранел дека бил под црна магија.

ВИДЕО: Со кундак претепале скопски таксист па избегале

Вистинска драма синоќа се случувала на скопски Бит Пазар каде таксист бил претепан со кундак и железо од засега непознати лица, кои веднаш по нападот избегале, објави ТВ 21.

Таксистот со возило на итна помош е префрлан во скопските клиники.

Од телевизијата јавуваат дека автомобилот на напаѓачите е со гостиварски регистарски таблични и полицијата се обидува да ги фати. Причините за нападот засега не се познати, а повеќе детали се очекуваат подоцна.

Популарно