(ВИДЕО) Петто дете за Роналдо: Дали Џорџина Родригез е повторно бременa…

Џорџина Родригез присуствуваше на Модната недела на Гран Канарија, облечена во тесно зелено здолниште кое очигледно го откри заобленото стомаче.

Гласините повторно почнаа да се шират за втората бременост на Џорџина, откако седеше во првиот ред, суптилно прикривајќи го стомачето.

Иако пред само 7 месеци го роди своето прво дете, ќеркичката Алана Мартина, изгледа на пат е второто за Џорџина, односно петтото дете за Роналдо.

Матиќ анонимно платил 70.000 евра за операција на дете

Српската ѕвезда на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ е познат како човек со големо срце, кој никогаш не штеди на добротворните цели, и ова го покажа уште еднаш откако плати 70.000 евра за малиот Дуѓан Тодоровиќ за операција и лекување во Барселона.

Семејството Тодоровиќ од Свилајнац, открива дека Матиќ бил човекот кој помогнал на нивното дете.

„Знам дека сите сакаа да дознаат кој е анонимниот донатор. Се работи за господинот Матиќ, кому му се заблагодаруваме со цело срце“, се вели во писмото на семејството Тодоровиќ.

Матиќ, кој доаѓа од малото градче Уб, во својот роден крај е главен спонзор на фудбалскиот клуб Единство, и српските медиуми неколку пати објавуваа дека кога се враќа дома тој во локалните продавници ги подмирува долговите на тие кои се „запишуваат“. Тој исто така помогна во реконструкцијата на локалната црква и на старата кула, а тие му вратија со именување на една улица по него.

Потег за паметење на Асенсио (Видео)

Фудбалерот н Реал Мадрид-Марко Асенсио во досегашниот тек на кариерата има постигнато навистина доста спектакуларни погодоци од далечина, но она што го направи изминатава вечер на „Сантијаго Бернабеу“ беше само доказ дека поседува нестварни технички квалитети кои со право го прават најголем талент во шпанскиот фудбал.

Дваесет и двегодишниот играч за врска од натпревар во натпревар игра се послободно и го прикажува сиот свој потенцијал, а на вчерашниот меч со Рома изрежира една нестварна минијатура во противничкиот шеснасетник која вреди да се види повеќе пати.

При додавање од Иско, Асенсио ја „залепи“ топката за својата нога и изведе рулет дриблинг од кој застанува здивот, а вистинска штета е што голманот Олсен реагираше рефлексно и спречи да го постигне најдобриот гол во својата кариера.

Денеска започнува Лига на шампиони во фудбал

Денеска започнува “новиот изглед“ на најдоброто клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Новитетите во сезоната треба да го направат турнирот уште поинтересен, а сите гиганти се обидуваат да стават крај на доминацијата на Реал Мадрид, кој три години во низа се искачува на врвот.

Почетокот ќе биде најавен со првите мечеви од 18:55 часот, а ќе биде заокружен со преостанатите дуели од 21:00 часот. Терминот од 20:45 часот заминува во историја, бидејќи УЕФА одлучи да направи поделба на која најмногу ќе и се израдуваат љубителите на фудбалот ширум светот.

Со новите правила, клубовите ќе имаат право на четврта замена при евентуални продолженија во нокаут фазата и ќе имаат можност да користат електронски уреди и да комуницираат со секој член на тимот кој се наоѓа на трибините. Најголемата промена носи опцијата клубовите да користат фудбалери со кои се засилиле во јануари, а тие имале запишан настап во Лигата на шампионите во дресот на другата екипа. УЕФА конечно стави крај на ограничувањето за кое постоеше незадоволство години наназад.

За неколку сезони се очекува примена и на новата ВАР технологија, која е доста популарна меѓу големите клубови, кои итно бараат истата да се воведе што поскоро со цел да се избегнат грешки и лоши сценарија.

Утрешната програма ќе биде отворена со натпреварите Интер - Тотенхем и Барселона - ПСВ Ајндховен.

За титулата ќе се натпреваруваат 32 екипи распоредени во 8 групи. Вкупната вредност на екипте е околу 14 милјарди евра однсоно 13.816.200.000 евра. Најскапа е Барселона со 1.14 милјарди евра, следува Manchester City со 969 милиони евра. Клубови со најмала вредност се Црвена Звезда со 43.9 милиони евра, Аек  38.4 милиони евра и Чешката Viktoria со 30.35 милиони евра.

Популарно