(ВИДЕО) Кога на мечката ќе и дојде се преку глава

Циркуски работник завршил во болница откако при претстава во едно село во Русија близу Волгоград, брутално го нападнал медвед.

Видеото прикажува гневен медвед како на почетокот на претставата го напаѓа својот дресер, додека неговите помошници се обидуваат да го скротат.

Медведот успешно ја извел тачката, се спуштил низ рампата со скејтборд, но тогаш следува хаос. Машкиот член на трупата неколку пати го удрил животното со палка, што дополнително го вознемирило медведот. Го надвлада човекот, го собори на земја и започна да напаѓа, пренесува Дејли Мејл.

Инцидентот можел да прерасне во трагедија, со оглед дека гледачите биле само неколку метри одалечени, без заштитни пречки или засолништа, кои би го спречиле животното.

На снимката се гледа дека медведов бил нервозен. Сакал да си замине, но дресерите го влечат назад.

– Циркусот и натаму е во селото. Дојдоа од Санкт Петербург, но сега сите во страв минуваат покрај шаторот. Се надевам дека надлежните органи ќе проверат што се случува, рекол жител на Олкоховка, Николај.

Селото Олкоховка е одалечено 78 милји од Волгогорад.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Почина вработен во скопската зоолошка, неколку часа по него угина жирафата која ја чуваше

На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина.

За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.

Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.

Неколку часа по неговата смрт, угина и жирафата која тој ја чуваше во скопската зоолошка.

Видео: „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода

Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.

Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.

Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.

– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.

Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму. 

Популарно