СТРАВИЧНИ ФОТОГРАФИИ: Експлодра џип во движење во Белград

Експлозија денес во Белград, според очевидците на местото на несреќата во автомобилот има мртво тело, а се работи за Синиша Милиќ.

45-годишниот Синиша Милиќ во Белград загинал во автомобилот марка „тојота” кој експлодирал најверојатно откако бомбата била активирана со далечински управувач или мобилен телефон.

Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали. Имено, бомбата била активирана кога тој стоел на црвено светло на семафор и во близина немало други автомобили. Најверојатно со ликвидацијата се сакало да нема и други жртви. Се смета дека бомбата била поставена под седиштето и насочена кон возачот.

Милиќ се поврзува со криминална група од Србија и имал дебело полициско досие.

Очевидците тврделе дека убиениот очајнички барал помош се додека не им подлегнал на повредите. Итната медицинска помош можела само да ја констатира смртта на Милиќ.

Гостите во блискиот локал рекле дека се се затресило наоколу, во моментот на експлозијата.

Групна тепачка во познат ноќен клуб во Скопје

Пет момчиња физички нападнати пред ноќен клуб во Скопје

На 17.11.2018 година е пријавено дека околу 23:40 часот во Скопје пред ноќен клуб на улица „Димитрије Чуповски“, П.Т.(18), Н.С.(18), Н.С.(18) и две 17 годишни лица, биле физички нападнати од група машки лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР

Скопјанец преживеа хорор за 900 денари

Во 22.25 часот вработен во Градска општа болница "Св. Наум Охридски", телефонски пријавил дека бил донесен А.М. кој од страна на непознато лице бил повреден.

Во извршен разговор 47-годишниот А.М. од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на булевар "АВНОЈ" додека управувал такси возило и во него се превезувале три лица со употреба на физичка сила му одзеле 920 денари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Драгутин ја фатил сопругата како има секс со друг и ја грабнал секирата

Телото на човек убиен со секира и врзани раце и нозе беше пронајден во куќа во Дивос кај Сремска Митровица, пишуваат српските медиуми.

Според најновите информации, полицијата го уапсила Драгутин М. (30) од селото Бингуле, кој го признал убиството. Осомничениот наводно го убил човекот откако го фатил како има секс со неговата невенчана сопруга, Светлана Ј. (39).

Жителите на селото велат  жената често ја гледале со различни партнери, како и дека била жртва на насилство од еден од нив .

Во селото има голем број полициски возила, како и припадници на полицијата, кои спроведуваат истрага. Се утврдуваат сите околности на случајот како и идентитетот на убиениот.

Популарно