СПРОТИВНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ: Овие карактеристики се пресудни за ДОЛГОВЕЧНА ЉУБОВ

Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите и жените со различни карактеристики толку многу се привлекуваат?

Еве неколку причини кои ќе ви одговорат на тоа прашање:

Уживаат да бидат поинакви еден од друг

Спротивностите се привлекуваат бидејќи луѓето сакаат да бидат поинакви од својот партнер. Доколку запознаете човек кој има исти интереси, личност и однесување како вас, вашата врска по некое време може да стане досадна.

Интерес за партнерот

Вашата радозналост ќе биде скокотната ако запознаете маж со интересни карактеристики на кои до тогаш не се наишле. Сигурно ќе сакате подобро да го зпознаете. Особено ако карактеристиките со тотална спротивност од вас.

Врската добива нова перспектива

Кога спротивностите се привлекуваат тие формираат различни комбинации на вештини, ставови и перпективи. Можеби вас ве привлекува маж кој размислува да стори нешто што вам никогаш не би ви паднало на памет. Спротивностите се привлекуваат бидејќи паровите сакаат разноврсност и нова перпектива која врската ја добива, токму поради тие различни карактеристики.

Партнерот ве инспирира токму поради тоа што е поинаков од вас

Една од причините зошто спротивностите се привлекуваат е воодушевувањето кон особините на партнерот кои самите не ги поседувате. Паровите се чувствуваат усполнето во друштво на партнер кој се воодушевува.

Природно однесување

Експертите тврдат дека привлечноста на спротивностите е пример на природно однесување. Исто така наведуваат дека женте можат да привлечат момци со имунолошки систем сосема поинаков од нивниот. Тоа е веројатно причина зошто добрите девојки во суштина привлекуваат лоши момци.

Се дополнуваат еден со друг

Никој на светот не е совршен. Меѓутоа, двајца луже, како пар можат да формираат солидна основа на карактеристики кои им помагаат да ги надополнат меѓусебните недостатоци. На пример, доколку сте интровертна личност, веројатно ќе ве привлече некој кој е слободен и опуштен за да ви помогне и вие да бидете.

На паровите им е полесно да минат повеќе време заедно

Доколку интересот и страста на вашето момче е поинакво од вашите, веројатно ќе имате многу за што да разговарате, а со самото тоа и повеќе време ќе минувате заедно.

Постоел лек за жени кои немале секс подолго време

Швајцарски научници дешифрираа ракопис стар близу 2.000 години, што два века бил чуван во Универзитетот на Базел. Писанието кое е еден вид „древна медицина“, открива што се случува со телото и психата на жените кои имаат недоволно секс и кој е лекот за тоа.

По обработката со ултравиолетови и инфрацрвени зраци, се покажало дека папирусот од неколку листови испишани од двете страни на старогрчки јазик, е всушност опис на дијагнозата „хистерична апнеја“ - состојба кај жени кои подолго време немале секс.

Од историски извор се дознава дека записот најверојатно му припаѓа на грчко-римскиот лекар Галенус од Пергамон, кој живеел во 2. век н.е. Теоријата за „хистеричната апнеја“, била актуелна се до Средновековието, но повеќе не се смета за меродавна.

За лекување на оваа состојба, Галенус им препишувал на дамите посебни билки, или пак, ги советувал да си најдат сопруг. Слична дијагноза за жени лишени од секс, се среќава и во древноегипетски записи од 20. век пред Христа. Хипократ - најпознатиот лекар од древноста, во петтиот век н.е. исто така верувал во оваа дијагноза.

Со оваа техника ќе ја „збудалите“ секоја жена

Одложување или контролирање на оргазмот е техниката преку која мажот намерно го продолжува сексуалниот чин во корист на својата партнерка. Со други зборови, тоа е нешто што секој маж би требало да го прави, ако на неговата партнерка и е потребно повеќе време за доживување на оргазам.

Многу мажи без размислување доживуваат оргазам, најчесто по две минути од почетокот на сексуалниот однос, и се вртат на другата страна, оставајќи ја својата партнерка незадоволна.

За да не дојде до забуна, тука не станува збор за прерана ејакулација со која многу мажи имаат проблем, бидејќи тоа е незгоден проблем, но поправлив, за кој секоја жена би требало да има забирање.

Голем број на мажи доживуваат оргазам по неколку минути пенетрација и сметаат дека тоа е доволно, но прашањето е што вашата партнерка има да каже на сето тоа.

Секоја жена има свои преференци, но ако неа 2-3 минути не и се доволни (не зборуваме за сексот на брзина и не се работи за ситуации кога сте уморни), што би требало мажите да знаат и направат е да ја применуваат техниката на одложување на оргазам.

Техниката е едноставна, кога мажот ќе почувствува дека е близу да го доживее врвот, треба да престане на кратко, а потоа повторно да продолжи. Ова треба да го направи неколку пати.

Нема полошо нешто од себичен партнер кој мисли само на своето задоволство. Сексот би требало да биде забава за двајца, така да двајцата партнери да уживаат и бидат задоволни. Освен тоа, не е се во пенетрацијата. Многумина забораваат на важноста на предиграта која многу жени ја ставаат на прво место, а нивните партнери ја игнорираат.

Митови за оралниот секс во кои веруваме, а не се вистинити

Порно филмовите создадоа митови за оралниот секс кои се задржале до денес. Време е конечно да бидат срушени.

Колку подлабоко, толку подобро

Митовите речиси и да не може да бидат искоренети, а тоа важи и за овој. Освен тоа што поклопецот во грлото го активира рефлексот за повраќање, па речиси е невозможно да се изведе, најголемиот број на нервите се наоѓаат на самиот врв на пенисот, т.е главичката, така што длабочината не е толку важна. За поголемо уживање, многу е поефикасно да се стимулира главичката со јазик или истовремено да се поиграте и со неговите тестиси.

Голтањето е задолжително

Некои сметаат дека оралниот секс е комплетен само ако заврши со ејакулација и голтање. Меѓутоа, овој вид на секс е забавен и без тоа – затоа доколку не ви се допаѓа идејата на голтање, прескокнете ја. Поважно е да го стимулирате мажот, со раце или јазик, во текот на целото пружање на задоволството и тоа да не го прекинете кога е близу до кулминација.

Забите се табу

Секако дека тој се плаши да не го повредите и дека забите не треба да учествуваат во оваа секси игра. Меѓутоа, има еден стар трик. Нежното гребење по главичката може да биде исклучиво возбудливо, но пред тоа сепак прашајте за дозвола.

Оралниот секс е понижувачки

Овој мит го создаде порно индустријата низ најразлични игри со покорување и опасни пози. Во реалноста, оралниот секс е вообичаен облик на сексуалност. Тоа значи дека партнерите размислаат за другиот: Што можат да му пружат, а да му се допадне? Зошто би било понижувачко оралното задоволување ако двајцата партнери го сакаат тоа и се сложуваат?

Безбеден е

Не е. И при орален секс постои можност за пренесување на заразни болести како ХИВ, сифилис или гонореја. Ејакулацијата во уста го зголемува ризикот од заразување со некоја инфекција, па затоа е најсигурно да користите кондом и при орален секс. Внимавајте кондомот да е без премаз за вкусот да биде неутрален.

Популарно