Драмата заврши: Наум Петрески е добро

Како бомба одекна веста дека Наум Петрески е заглавен во водите на Port Hacking – Сиднеј. Имено, според пишувањата на одредени медиуми пејачот и неколку негови блиски пријатели утрово тргнале на риболов, но додека биле на јахта ги зафатило големо невреме и им се изгубил секаков траг.

Ексклузивно за ВЕЧЕР, Зуица Лазова, сопругата на Наум откри дека се е во ред со пејачот и потенцираше дека екипа веќе ги пронашла и се на пат за назад.

“Во ред се, сега ги слушав, се враќаат”, накусо, но вознемирено прокоментира пејачката.

Инаку, на јахтата со Наум е и Стив од групата „Куку Леле“ и неколку нивни блиски пријатели.

ФОТО: Беквалац направи промена на изгледот

Убавата пејачка Наташа Беквалац, веќе со години е верна на долгата руса, негувана коса и никогаш претерано не експериментирала во таа смисла. Но, сега одлучила да внесе свежина во изгледот. На Инстаграм се пофалила со фризура која се разликува од онаа каква навикнавме да ја гледаме.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Spremna😉

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Каква инекција му е дадена на Шабан Шаулиќ?

Трагичната загуба на Шабан Шаулиќ е голема мистерија за Германското обвинителство, кое донело одлука детално да се испита целиот случај.

Според законитево државата, оваа незгода се третира како правен случај,а она што им е нејасно на обвинителите е причината за смрт на пејачот, имајќи во обзир дека Шабан немал видливи повреди.

Според првичните информации тој починл од пукање на аорта на срцето.

„Обвинетелот го уважи ова мислење, но сепак има неколку неразјанети детали, па наложи да се направи обдукција.Се споменува дека веднаш по доаѓањето на Брзата помош на Шабан му е дадена инекција, па можно е и тоа да ја предизвикало смртта.Тоа засега никој не може ни да го потврди ниту да го демантира.За да нема никакви дилеми побара обдукција, пишува српски „Курир“.

Сопругата со која Шабан беше 43. години во брак скршена

Гоца Шаулиќ, сопругата на покојниот Шабан Шаулиќ со која беше 43. години во брак и има три деца, Санела, Илда и Михајло, побарала само едно нешто за погребот.

Таа скршена од болка едвај побарала од децата да стават качкет на главата и пари во рацете.

- Што ќе ми го животот, што ќе правам јас без Шабан во оваа куќа, плачела таа.

Тој почина викендов во страшна несреќа кога пијан возач му удри во автомобилот.

Популарно