Ќе се згрозите: Карлеуша никогаш нема да му ги прости овие зборови на Лукас со кои ја навредил нејзината болна мајка!

Пејачката Јелена Карлеуша во една утринска емисија во Србија откри дека пејачот Аца Лукас ја загубил неа како еден верен пријател од естрадата.

Јавноста се шокираше кога утрово дозна дека Карлеуша и Лукас повеќе не се пријатели и дека пејачката најави излегување од „Ѕвездите на гранд“ следната сезона.

Меѓутоа оваа изјава за некого не е толку непозната и нова со оглед на тоа дека во јавноста пред неколку дена се прошири веста дека пејачката го напуштила снимањето на „Ѕвездите на гранд“ поради прекин на пријателството со Аца Лукас.

-Се случи една тажна работа во врска со мене и Лукас, а тоа е дека дефинитивно по многу години пријателство, тој загуби многу, а тоа многу се вика еден прав пријател на естрадата како што сум јас. Преку некој работи не може да се помине, ми ја навреди болната мајка од нигде никаде- тоа не се опростува, вели Јелена.

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно