Намирници кои можете да ги јадете, а да не ја зголемите вашата тежина!

Намирниците кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќер и гликозен индекс, а тоа се:

Сирење

Само доколку се работи за парче сирење, тоа е богато со протеини и ве држи сити.

Јогурт

Научниците докажаа дека јогуртот е одлична замена за вечерна ужина. Преполн е со протеини и не содржи многу масти ниту пак шеќери. Иделно е кога во него има некое свежо овошје како што е тоа на пример боровница.

Јајца

Тие се уште една добра опција за вечерна ужина. Имено, едно јајце содржи 75 калории.

Зеленчук

Зеленчукот дефинитивно е најдобриот избор со кој нема да бидете гладни се до следниот ден.

Дали маските за воздух навистина помагаат?

Се почесто заради заштита граѓаните бараат чаре и во маските, но колку тие всушност можат да ни помогнат?

Иако не можеме целосно да се заштитиме од загадениот воздух во градските средини, сепак неколку корисни совети од експертите ќе помогнат да го минимизираме внесот на штетните честички во нашиот организам.

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

7. Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.

Се почесто се користат маски против загадениот воздух. Може ли да ни дадете совети како правилно да се употребуваат?

Во моментов во Македонија се употребуваат повеќе видови на маски како заштита од воздушното загадување (хируршки, со активен јаглен) но, само неколку сертифицирани за таа намена се ефикасни.

Маската не смее да пропушта партикли поголеми од 2.5-3 микрони, заради тоа што најштетни воздушни партикли се со големина од 2.5 микрони.Маските само со активен јаглен не штитат од партикли туку тие се наменети за заштита од хемикалии.За маската е важно:мора добро да налегнува на лицето, и најмал простор кој пропушта воздух ја прави маската неефикасна, за скопската средина се препорачува маска со N95,N99,FFP2,FFP3 стандард, доколку носите очила и истите се замаглуваат значи дека маската пропушта нефилтриран воздух, доколку маската има валвула таа полесно налегнува и помали се шансите да пропушта нефилтриран воздух.

Маските за еднократна употреба можат да се употребуваат се додека може лесно да се дише преку нив, а тоа е околу 10-30 часа ефективно користење, иако често производителите препорачуваат почеста замена. Маските за повеќекратна употреба содржат филтер кој може да се замени со нов, а се одржува со перење.

За подетални информации во врска со набавка на маски за заштита од аерозагадување, читателите можат да се обратат на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Приказната на новинарката на Сител: Од девет години сум на инсулин

Новинарката во ТВ „Сител“, Рената Јакимовиќ во интервју за Женскимагазин.мк откри дека боледува од дијабетес од својата деветта година. Нејзината динамична професија бара многу посветеност, но истовремено е важна и посветеноста на борбата со болеста. Оваа храбра млада жена, отворено раскажува како живее со дијабетес, каков начин на исхрана применува и колку е важна отвореноста и едукацијата во нејзиниот случај. 

- Од кога точно боледувате од дијабетес, кога и како ги забележавте првите симптоми?

- Дијабетесот ми е дијагностициран на 9 годишна возраст, во 2003 година.Симтомите беа драматични и навистина видиливи. Пиев по 4 до 5 литри вода на ден, уринирав пречесто, ја губевв својата тежина и имав главоболки. Симпомите ги имав некое време па моите родители ми направија крвна слика која резултираше со превисок шеќер во крвта. Тоа значеше итна хоспитализација во оделот за ендокринологија при детската клиника и финалната дијагноза, дијабетес мелитус, тип 1.

- Дали примате инсулин и внимавате ли на начинот на исхрана?

- Од самиот старт јас сум на инсулинска терапија, мојот тип на дијабетес е инсулински зависен. Во првите 6 години користев инсулински пенкала, минимум 4 боцкања на ден, а потоа преминав на инсулинска пумпа, уред кој делува како надворешен панкреас.

Правилната исхрана е задолжителна за мене, а тоа значи 5 оброка на ден по можност со сложени и бавно разградливи шеќери. Секое излегување од овој начин на исхрана за мене значи нарушени добри вредности кои резултираат со промени во расположението и способноста да функционирам нормално, па затоа се трудам да внимавам на начинот на исхрана максимално што можам.

- Со оглед на вашата динамична, новинарска работа, можете ли соодветно да придржувате на режим на исхрана и терапија? 

- Морам да признаам дека новинарската работа е стресна и динамична па тоа некогаш ми предизвикува проблеми во одржувањето на балансот. Постојат денови кога навистина немам време да го земам оброкот во точниот час, па го прескокнувам, но никогаш не дозволувам да немам време за проверка на шеќерот во крвта и давање на корекција со инсулин доколку е потребно.

Кога ќе влезам во бубањот на работниот ден некогаш се чуствувам како акробат кој жонглира чекорејќи по јаже, но давам сѐ од себе таквите денови да се реткост.

- Ви се случило ли да сте на терен, на програма, и ненадејно да огладните? Што правите во тие моменти? 

- Во оваа една година како што активно работам како новинар не ми се случило да не можам да ја завршам работата поради дијабетесот и се надевам дека тоа така ќе остане. Секогаш се трудам да бидам добро најадена пред да излезам на терен со цел да спречам паѓање на шеќерот, но доколку тоа се случи со мене секогаш имам шеќерчиња или сок кои најбргу делуваат. Си давам себе си 20 минути за стабилизација и продолжувам со работните обврски. Се трудам да не се оптоварувам со тоа „што би било, ако би било“ бидејќи тоа ќе влее само страв кој нема да резултира позитивно. Се разбира дека сѐ е возможно и сум размислувала за неубавите исходи, па затоа можеби давам дополнителен труд да ги спречам несаканите ситуации како паѓање на шеќерот во крвта и губење на свеста.

- Како млада жена, колку дијабетесот ви пречи во секојдневните активности?

- Јас мојот живот го имам така наштелувано па дијабетесот не ми претставува никаква пречка во секојдневието. Баш напротив јас ја користам мојата здравствена состојба во секоја подадена прилика да ги едуцирам луѓето околу себе, да ги охрабрам оние кои имаат дијабетес или живеат со лице кое ја имаа оваа состојба и да бидам пример за останатите дека оваа состојба и покрај своите неубави страни може да се контролира и со истата да живеете долг и исполнет живот.

- Вие сте претседател на здружението Алегриа, како го обележавте Светскиот ден на дијабетесот?

- Како членови на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) организиравме прес за новинари, обраќање на стручната фела до граѓаните и медиумите и дебата се со цел покревање на јавната свест за оваа состојба како и за нејзина превенција. Соработката со државните институции се надеваме дека наскоро ќе не однесе до креирање на Национална Дијабетес Стратегија и национален регистер кој ќе ни овозможи да се фокусираме на конкретни групи и најважно едукација бидејќи никогаш не е довола.

Оваа година мотото за чествување на Светскиот ден на Дијабетесот е „Дијабетесот и Семејството“, а заклучоците се дека дијабетесот не влијае само на лицето кое го има туку и на сите од неговото/нејзиното блиско опкружување.

Ова мора да го знаете ако слушате пукање на вилицата секогаш кога ќе отворите уста

Утринските главоболки, прекумерен стрес или напнатост и клик кога и да се отвори ширум устата се вообичаени симптоми на состојба која се нарекува темпоромандибуларно пореметување.

Најчестите први симптоми на ТМП се главоболка и болки во вратот. Меѓутоа, често е потребно долго време пред пациентот да добие одговарачка дијагноза.

Проблемите со ТМП може да предизвикаат и:

Напнатост во мускулите на вратот

Болка кога џвакате или зевате

Болка во вилицата

Вртоглавица

Клик кога ќе отворите уста

Тинитус

Болка во горниот дел од грбот

Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш посетете лекар. За дијагноза инаку треба подолго време, па реагирајте веднаш!

Популарно