ЖЕСТОКА тепачка на млади Македонци и Грци во Грција

Голем инцидент се случил во Грција, откако младите Македонци меѓусебе разговарале на македонски јазик. Македонски ракометни тинејџери кои учествувале на летниот подготвителен ракометен камп на поранешната ракометарка Андријана Будимир во Неи Пори, Грција, физички се пресметале со грчките врсници поради името, објави „Макфакс“. До тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло кога жена, Гркинка, ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски во локалната играчница по што им пришла и ги прашала од каде се. Кога тинејџерите ѝ одговориле дека се од Македонија, таа почнала да се расправа со нив за името, а набргу потоа повикала група грчки тинејџери по што започнала жестока тепачка помеѓу двете групи, која завршила со потешки повреди.

Инцидентот завршил кога полицијата, која била повикана од некој од очевидците што присуствувале на настанот, интервенирала по што биле раздвоени двете групи.

По враќањето од Грција, некои од младите ракометари завршиле во болница, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Мало девојче, жртва на меѓународна трговија со луѓе пронајдено во автобус на границата меѓу Хрватска и БиХ

При контрола на стока и патници на редовна автобуска линија на граничниот премин Славонски – Босански Брод, преку детална анализа е идентификувана жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.

Станува збор за петгодишно девојче од Германија кое било придружувано од странски државјанин. По наредба на обвинител во Службата за работи со странци, странскиот државјанин е приведен.

Детето било на листа на барани

Според обвинителството, девојчето било соодветно згрижено и сместено во безбедна куќа. Таа доби специјален старател за странски деца без придружба и жртви на трговија со деца.

Петгодишното девојче е на списокот на лица барани од меѓународните институции, па обвинителот кој работи на случајот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија, со цел малото девојче да се врати кај нејзината мајка.

Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во врска со неговото апсење поради поседување дрога

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа беше приведен откако кај него била пронајдена дрога, а како што дознава српскиот медиум „Нова.рс“ утре ќе биде сослушан во обвинителството.

Трифуновиќ беше приведен околу 20.00 часот во Вождовац откако, како што се сомнева, купувал марихуана од познаник. Со него е приведен и С.М.(31) од кого актерот наводно ја купил марихуаната.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде спроведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен.

Популарно