(ВИДЕО) Глушец влегол во банкомат и изџвакал вистинско богатство, кога ќе ја видите сумата нема да ви биде добро

Глушец се провлекол низ дупка во задниот дел од банкомат на североистокот на Индија и изел банкноти во вредност од 19.000 долари, соопшти полицијата.

Надзорникот на полицијата во градот Тинсуки кажал дека кога техничарите стигнале на 11 јуни, како би ја направиле скршената машина на државната банка во Индија, во неа нашле мртов глушец и изџвакани банкноти во вредност од 19.000 долари.

Глушецот влегов во банкоматот низ малата дупка за кабли, пренесува АП. Вработените во банката кажаa дека поради ова е наредена истрага.

Планетата Уран не е таква како што ја замислувавме досега

Шокантно откритие внатре во планетата Уран.

Научниците открија дека сината планета во Сончевиот систем е многу погасовита од тоа што досега се верувало.

Додека претходните истражувања укажувале на состав првенствено од хелиум и водород со примеси на метан, неодамнешното истражување покажало дека Уран содржи значајна количина на метан во единствен облик.

Според научниците со Израелскиот институт за технологија и калифорнискиот Универзитет Санта Круз, метанот во Уран не е во својот вообичаена гасна состојба, туку е замрзнат и е сконцентриран во јадрото на планетата. Спротивно од претходните претпоставки дека Уран бил составен исклучиво од мраз, приближно 10 проценти од неговиот состав содржи метан.

Истражувањето, кое допрва треба да биде подложено на научни рецензии, ја доведува во прашање класификацијата на Уран „леден џин“ и сугерира дека изобилството од метан би можело да игра клучна улога во формирањето на таа планета. И покрај неговото значење, многу работи на Уран остануваат мистерија поради неговата оддалеченост од Земјата, која варира меѓу 3,2 до 4,64 милијарди километри, со оглед на движењето на планетите во Сончевиот систем.

Со оглед на тоа дека „Voyager 2“ го посетил дури во 1980-та, научниците претходно верувале дека Уран е целосно замрзнат. За да добијат подлабок увид, научниците сега развиле бројни модели од внатрешноста на Уран, откривајќи тие со поголемо ниво на метан, хелиум и водород поточно претставуваат масата и радиусот на планетата.

Во иднина планираат да разоткријат зошто Уран го задржува ледениот состав и покрај значајните резерви на гас. Тие откритија не само што ќе го подобрат нашето разбирање за Уран, туку исто така нудат и увид во соседните џинови како Нептун.

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Популарно