ЗА ДОБРО УТРО: НЕКОЈ СО БАГЕРИ – НЕКОЈ СО МУЗИКА И УТРИНСКО КАФЕ

Персоналот на култното скопско кафуле Бастион, реши наместо зад шанкот, да биде во и пред бараките на Општина Центар! Тие под мотото:  Некој со багери – а некој со музика утрово за вработените во Општината, Кабинетот на Градоначалникот и граѓаните на најцентарската Општина приредија вистинско утринско уживање. Делеа тазе кафе со подарок цд кое соддржи сет од најдобрата музика која ја сакаат Центарци и посетителите на Бастион. На оправдано отсутните (меѓу кои и Градоначалникот и дел од Советниците) подароците им беа оставени на Пријавницата на Општината. Кафе Бастион најавува уште многу други активности со кои ќе се обиде да им укаже на општинските власти дека Центар заслужува урбан лик. Како еден од најпрепознатливите скопски брендови Бастион под мотото Општина центар – Бастион на добрата забава, наскоро ќе достави и неколкугодишна програма за развој на позната улица Аминта Трети (екс Ленинова) која е најпосетувана центарска улица од многубројните туристи во градот...

Тимот на Бастион искрено се надева дека сите доставени предлози кои се во функција на туристички и угостителски развој, општинските власти сериозно ќе ги разгледаат и ќе одговорат на истите...

ВИДЕО: Што прават овие млади Македонци?

YouTube станува се популарен во Македонија, најмногу кај најмладата генрација. Се повеќе млади се обидуваат да направат YouTube кариера.

Можеби не успеваат да заработат, но веројатно се задоволни со тоа што се познати во интернет светот во Македонија.

Кристијан и Кирил се во овој „бизнис“. Младите Јутјубери освен со „влогови“ решија да се обидат и со музика. Еве како искочи тоа:

Испратено од Кирил

Популарно