(ВИДЕО) ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Англичанец ја прослави победата сам во бар полн Колумбијци

Англичанец се најде сам во кафуле полно Колумбијци во моментот кога репрезентацијата на Англија ја победи Колумбија во осмина-финалето од Светското фудбалско првенство.

Откако пеналите одлучија дека Англија оди во четврт-финалето, Колумбијците во кафулето луто и разочарано го напуштаат објектот, а само Англичаецот, онака сам, еуфорично слави и вреска за победата на својот тим. И секако, тоа станна хит на интернет.

Сето тоа се случуваше на само 100 метри од стадионот во Москва на којшто се одигра натпреварот.

Марко сака да игра во Лигата на Шампионите.

Фудбалерот Марко Арнаутовиќ истакна дека е подготвен да си замине од Вест Хем со цел да обезбеди трансфер во клуб кој игра во Лигата на Шампионите.

Зборувајќи за австриските медиуми додека е на должност во репрезентацијата на Австрија, Арнаутовиќ истакна: „Имам 29 години, кои се најдобри години за еден фудбалер. Јасно е дека сакам да се натпреварувам со најдобрите играчи. Но во оваа работа, целосно му верувам на мојот брат и агент“ –коментираше Арнаутовиќ.

Токму братот на Марко Арнаутовиќ, Даниел истакна дека не е невозможно дека неговиот брат и клиент ќе го напушти Лондон оваа зима.

„Тој веќе игра во Премиер лигата и е во најдобрите години. Но за играч како Марко ова не може да биде крај. Тој е голем дел од Вест Хем,но мислам дека е можно да добие многу повеќе. За да се случи тоа, тој мора да игра за топ тим“ –заклучи Даниел Арнаутовиќ.

ФОТО: Типувач од скопска Кисела Вода добро ја олесни кладилницата со 50 денари

Спорт Лаиф им донесе дополнителна добивка на своите типувачи со новите бонуси.

Типувач од Кисела Вода тоа го искористи и направи висок скок од 50 до 221.750 денари! Едноставно вложил 50 денари и решил да игра 9 пара од националните лиги само со конечни типови 1 или 2, освен за мечот Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, каде го добил типот Т12+& ГГ. Б. Дортмунд го победи Баерн со 3:2 на свој терен и покрај водството на Баерн во прво полувреме со голот на Левандовски. Пресвртите сигурно му ги истенчиле нервите на нашиот типувач бидејќи Борусија најпрво резултатот го изедначи од пенал, но по само 3 минути повторно прими гол од Левандовски, за ново водство. Потоа, Борусија направи пресврт, возвраќајќи со 2 последователни гола и резултат за конечна победа и висок скор на типувачот на Спорт Лаиф од 3 600 евра.

Вториот и уште повисок бонус од 750 евра е остварен во Гостивар, каде играчот заминал со вкупна добивка од 2 000 ЕУР или 123.635  денари. Нанижал дури 16 натпревари од разните национални лиги,  иако со пониски квоти, ги погодил сите и ја остварил целта повторно со само 50 денари влог. А типовите се едноставни предвидувања за конечните резултати или победи на овие натпревари.

Така оваа недела, со конечни типувања 1 или 2 до одлични бонуси и високи добивки.

ФОТО: Новата насловна страна на магазинот GQ со Серена Вилијамс

Тенисерката Серена Вилијамс беше прогласена за жена на годината од страна на магазинот GQ. Иако досега имале навика тие титули да им ги доделуваат само на мажи, оваа година направиле исклучок па ѝ доделија на една жена.

Глумците кои биле прогласени за мажи на годините се Мајкл Би Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, а секој од нив вклучувајќи ја и Серена доби своја насловна страна. 

Но, еден детаљ на насловната страна на Серена ја разбесни јавноста и магазинот се најде на мета на критики.

Имено, како што можете да видите, на насловната страна со маркер е пречкртан зборот "men" и над него е напишано "woman", но нивниот обид да бидат креативни поради еден детаљ во јавноста беше толкуван како навреда на сметка на изгледот на Серена. Станува збор за наводите кои овде се навистина непотребни, бидеќи Серена е очигледно жена.

А како што знаете, Серена за време на нејзината кариера поради исклучителниот тениски талент и мускулна градба често била нарекувана маж, па овој потег на магазинот беше непромислен.

Некои укажаа и на фактот дека ги изоставиле наводниците кога титулата ѝ ја доделиле на Гал Гадот што не им оди во прилог, но никој од овластените лица од магазинот не ја искоментирал цела ситуација.

Популарно