Дарко Тасев: Знаевме за проблемите во кои западна Влатко, но мислевме дека е само лоша епизода

Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати песни од Белград. Се подготвувавме за снимање, вели за „Женски Магазин“ познатиот музичар и еден од најблиските соработници на починатиот пејач

Раскажуваат познатиот автор и музичар Дарко Тасев и неговата сопруга, новинарка и активистка во здружението „Борка“, Марија Тасев. Пејачот на „Морал“’ беше нивен семеен пријател. Дарко е автор на аранжманот на првата песна на Илиевски, „Уште си ми ти“, заедно настапуваа, потпиша многу негови хитовски рефрени, а токму тој беше активно вклучен и во создавањето на новиот материјал со кој Влатче требаше да се врати на сцената на голема врата.

-Шокирани сме. Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати слики и песни од Белград. Линкови од Били Ајдол и од „Бон Џови“. Имаше сериозни планови врзани за музиката. Сакаше да се врати со препознатливиот урбан звук, беше уморен со песните да и се додворува на публиката. Последен пат го видов завчера случајно на улица. Изгледаше нормално. Влатче ни беше втор син, го чекавме денес на палачинки – ни раскажа Дарко.

Тој нагласува дека бил професионалец во работата, човек со неверојатна харизма, омилен лик од естрадата на неговиот син Тео.

-Играа видеоигри, со син ми беа неверојатен тандем – дополнува тој.

За немилиот настан утрово со неверување дознала и сопругата на Дарко, Марија. Биле договорени токму денес да им помине на гости.

-Го чекавме да заѕвони, јас веќе како по традиција се подготвував палачинки да вртам. Се слyшнавме пред два дена, ќе остане тајна за што зборувавме. Тео го чека неговиот постар откачен брат. Бони, нашето куче, цел ден чека пред врата и тој плаче како да знае.. Пиевме пиво за ручек и кроемве планови кога да одиме на ќебапи во Вршац. Неговите најголеми љубови ги носеше кај нас дома, сакаше да биде сигурен дека ја бендисал вистинската. Душа од човек, убавец наш. Знаевме за проблемите во кој западна, но бевме убедени дека е тоа само една лоша епизода- ни изјави Марија.

Нова музичка авантура на Стотројка

Две и пол години по незаборавниот концерт на Psychic TV, што ја одбележа 25-годишнината на радиото, Канал 103 најавува ново уникатно искуство во вид на музичкиот фестивал - 103 ГЕНЕРАЦИИ.

Инспирирани од својата улога на „први во колоната" на патот кон повисока (музичка) свест, искра светлина во мрачните лавиринти на македонската независна реалност, Стотројка реши повторно да ја „измести" од неа публиката со еден супер современ музички настан. И тоа во духот на 27-годишниот процес на создавање автентична контра-стварност, духовна агора во којашто се пронаоѓаат и дејствуваат нови и нови напредни и храбри протагонисти на својот автентичен поглед на светот - 103 генерации. Во слава на музиката, слободниот дух и градот. Против стравот од промени и напредок, доминантната општествена глупост и примитивизам, омраза, национализам и разноразни теории на заговор. 

Станува збор за целовечерен настан што ќе се одржи на 24ти ноември во МКЦ на два стејџа со четири исклучително квалитетни бендови и артисти од Велика Британија, Шведска, Албанија и Македонија, сите со актуелни албумски изданија во 2018 година. Фоајето на кино Фросина ќе биде резервирано за традиционалниот настап на диџеите на Стотројка. 

THE OSCILLATION се повеќе процес одошто бенд во класична смисла на зборот или можеби најточно, збир од сонични излети на извонредниот музички ум на Demian Castellanos. Оформени се во Лондон во 2006 година и во различни постави до денес имаат издадено 6 албуми, сите со цврста аудио-визуелна доследност и идеолошка дисциплина во музичка смисла. Нивниот звук можеме да го опишеме како модерна space rock психоделија отсвирена без компромиси и без поза, можеби совршена музика за шашавиот танц на Тереза Меј додека ги убедува британците за благодетите на Брегзит. Во Скопје доаѓаат како трио за да го промовираат фуриозниот Wasted Space LP кој излезе овој септември, а кој британската музичка критика го прогласи за нивно најдобро остварување досега. 

THE FIELD е псевдонимот под кој настапува Axel Willner, шведски електронски музички мастермајнд кој живее и работи во Берлин. Некогашен фан на Dead Kennedys и Misfits кои го инспирирале да направи панк бенд, за подоцна My Bloody Valentine, Slowdive и Seefeel да му ја откријат магијата на британскиот шугејз звук и можноста за негова електронска трансформација. Тоа и го издвојува The Field како автентичен и повеќедимензионален артист пристапен и за друга условно не-електронска публика и покрај неговиот суптилен минималистички техно звук. Уште од ултра успешното деби From Here We Go Sublime LP од 2007 година што критиката го вброи меѓу најдобрите 100 електронски албуми на таа декада до денес се наоѓа во самиот врв на електронската музичка сцена, а неговите 6 албуми, сите издадени за престижната германска етикета Kompakt се најдобра потврда за ова. Овој септември излезе успешниот и многу фален од критиката Infinite Moment LP, а во Скопје настапува првпат и тоа како дел од неговата европска промотивна турнеја во големите градови. Вистинска гозба за уши за фановите на сериозна авторска електронска музика. 

I TPAME I TVRAME се дарк/минимал/колд вејв дуо од Тирана составено од Franc Kurti и Dina Hajrullahu. Постојат само две и пол години, а во јуни веќе го издадоа третиот по ред албум Ikin Vijnë LP со кој им се отворија вратите за успех и надвор од границите на Албанија. Негуваат дистописки мрачен, но современ електронски звук во кој суптилно се испреплетуваат синтовски и гитарски текстури врз кои одлично „вози“ етеричниот вокал на Dina Hajrulahu. Идеална атмосфера за внатрешен танц по ивиците на балканскиот 21 век. 

SUSIJAT се четворка од Скопје. Деан Змејкоски, Тодор Караколев, Лазар Дарковски и Никола Дрвошанов се заедно од 2014 година, за наредната да го издадат нивниот првенец Safety in Numbness LP за Шарла. Негуваат комплексен и повеќеслоен звук во кој доминираат влијанијата на американската андерграунд сцена од 80те и раните 90ти години или во слободен стилски опсег од пост хардкор до пост рок. Минатата година имаа сплит-изание со Portron Portron Lopez со кои беа на концертна турнеа низ Франција. Овој ноември им излегува вториот албум ZAD кој е драстичен стилски исчекор од својот претходник, а насловот е инспириран од една француска анархо комуна која се бори за својот опстанок. Нивниот настап воедно ќе биде и албумска промоција. Одлични музичари од старата школа - топла препорака за сите амбициозни инди фанови. 

Боите на Стотројка, на вториот (електронски) стејџ, ќе ги бранат диџеите:Виолета Качакова, Илина Ангеловска, Ивана Драгшиќ и Мирко Попов. 

Билетите се веќе пуштени во продажба во: Југотон Рекордс, МКЦ и во продажната мрежа на МК Тикетспо цена од 350 ден. На денот на одржување на фестивалот, билетите ќе чинат 500 ден. 

Познатиот рокер започнал да се гуши после настапот во Њујорк

Гитаристот на рок групата Аеросмит, Џо Пери итно бил пренесен во болница откако колабираше после настапот во Медисон Сквер Гарден, Њујорк, пишува CNN.

68 годишниот Пери со Били Џоел ја изведувал песната "Walk This Way", а после зад сцената започнал тешко да дише па со Брза помош бил пренесен во болница, каде го снабдиле со кислород со помош на посебни цевки кои му ги прочистиле дишните патишта за да дојде до воздух.

Негов претставник за медиумите потврди за USA Today дека пејачот моментално е при свест.

Ова не е прв пат на гитаристот да му се слоши за време на настап. Пред две години заврши во болница откако настапи со бендот Hollywood Vampires, чии членови се Алис Купер и Џони Деп.

Пери овој месец требаше да настапува на турнеја, а неговиот гласноговорник потврди дека нема да се појави на планираните настапи оваа недела во Флорида, но дека кон крајот на месецот ќе биде подготвен за враќање на сцена.

ВИДЕО: Американскиот рапер Ајс Кјуб во новата песна повикува на апсење на Доналд Трамп

Американскиот рапер, актер и текстописец Ајс Кјуб неодамна го објави својот нов сингл "Arrest The President" во кој повикува на апсење на моменталниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Еден од најистакнатите рапери го објави својот нов сингл преку кој бескомпромисно и жестоко ја коментира моменталната владејачка политика во САД.

"Arrest The President" е една од најочекуваните нумери која ќе се најде на претстојниот албум на Ајс Кјуб од очигледни причини, а во рефренот јасно се истакнува дека за апсењето на претседателот постојат докази.

Ајс Кјуб и претходно ја исмевал политиката на Трамп, па затоа е многу лесно да се заклучи на кого му е посветена новата песна. Кон почетокот на декември, раперот ќе го објави својот нов албум "Everythang's Corrupt", кој ќе биде инаку неговиот десетти студиски материјал како соло уметник.

Популарно