(ФОТО) Рита Ора покажа малку мрсничко крај базен во Франција

Генерално, Рита Ора важи за една од најсексапилните жени на денешницата, па поради тоа нејзините фотографии од плажа во Франција разочараа дел од нејзината армија обожаватели.

Папараците ја сликале како во костум за капење ужива покрај базен, а на фотографиите јасно се гледа дека пејачката на себе „фрлила“ неколку килограми отфазла.

Вистина е дека никогаш не важела за „слабичка“, но нејзиното тело секогаш се сметало за едно од најсексипилните. Сега ситуацијата малку се променила , но за среќа ништо драстично, па Рита и понатаму ја сметаат за атрактивна ѕвезда.

(ФОТО) Ѓоко Танески стана доктор

Поп-пејачот Ѓоко Танески  се пофали на „Фејсбук“ дека наскоро ќе стане магистер. Тој објави неколку фотографии направени додека ги брани тезите врз база на кои ќе ја подготви својата магистерска работа. Тезите Танески ги бранеше пред четиричлена комисија на Факултетот за туризам и менаџмент.

Пејачот доби бројни честитки од пријателите, а некои побараа од него и да ги почести за успехот оти не е мала работа да станеш доктор на науки, му напишаа тие.

(ФОТО) Пејачката доживеа „незгода“ на плажа - паднаа бикините, па излегоа градите

Додека опуштено се сончала на плажа и се дружела со пријателите, пејачката заборавила на фактот дека горниот дел од костимот за капење ѝ е одврзан за подобро да се сонча.

Поради тоа Италијанката Џана Нанини доживеа незгода пред сите, кога горниот дел од бикинито ѝ падна и целосно ѝ ги откри градите.

Но, изгледа дека тоа не ѝ пречело, па продолжила да шета. Погледнете:

ВИДЕО: Премиера на првата песна и видео запис на Анастасија Ражњатовиќ

По шестмесечното чекање, фановите ја дочекаа првата песна со видео запис на Анастасија Ражњатовиќ. 

„Совршен пар“ е љубовната приказна помеѓу бразилскиот модел Педро Солц и Анастасија беше снимена на неколку локации низ Белград.

Целиот текст на песната е потпишан од Ражнатовиќ, додека Дарко Димитров се погрижи за музикаата и аранжманот.

Слушајте ја првата песна, воедно и првиот видео запис на Анастасија Ражнатовиќ за „Совршен пар“.

Популарно