Поранешната на Лозано му се додворува на „Фејсбук“

Моделот Савка Грачанин, којашто му беше свршеница на поп-пејачот Влатко Лозаноски, и по раскинувањето на свршувачката не заборави да му честита роденден. Таа на својот фејсбук-профил напиша: „Ти честитам затоа што си поискусен. Не сум сигурна што си научил оваа година, но секое искуство нè трансформира во личноста која сме денес. Среќен роденден на еден од ретките луѓе чии родендени ги паметам без дури и да ме потсети "Фејсбук".

Многумина ова го прокоментираа како грижа на совест на Савка, но некои, пак, напишаа дека таа сега му се додворува на „Фејсбук“ со објавата на статусот.  Савка и Лозано беа во врска девет години, а во 2016 година ја објавија свршувачката. Влатко лани летото и во интервју за „Репортер“ потврди дека планираат свадба со Савка. Но, кратко потоа двојката се раздели. Во јавноста излегоа фотографии на кои таа се бакнува со друг.

НЕНАСИТНА: Карлеуша спиела со уште еден маж!

По објавените експлицитни фотографии од српската пејачка Јелена Карлеуша, во јавноста се шират и озборувања за нејзиниот претходен скандал додека била во брак со Бојан Кариќ, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за неверството кое Карлеуша го направила пред десет години, кога Кириќ ја фатил во кревет со нејзиниот телохранител. По избивањето на тој скандал, двојката се развела, а пејачката како и денес се оправдуваше со скандалот дека и бил наместен затоа што семејството на Кириќ наводно не ја сакале за снаа.

Карлеуша тогаш тврдеше дека не била пожелна во семејството на Кириќ, затоа што била пејачка.

ВИДЕО: Ќе се стопите кога ќе слушнете како Беквалац и пее на ќерката

Катија е се уште мала, па затоа мама Наташа ја заспива во прегратака со песничка.

Беквалац објави и видео на кое се гледа како ја држи Катија во прегратка и и пее,а фановите „стопени“ од ова виде оставаа само позитивни коментари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Kada se pravi da je jako mala beba😂...KATJA❤

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

ВИДЕО: Сергеј Варошлија најде нова „жртва“, па ја „растури“ Бојана Скендеровски: „Изгледаш како мутирана Лила“

Модната војна на Сергеј Варошлија со дел од македонската естрада не само што продолжува, туку и се разгорува. Малку, малку, па некоја нова „жртва“ од познатите фаци ќе дојде на ред кај „чичко Сергеј на моден преглед“, од глава до петици или поточно од глуждови до трепки.

Последна на ред беше пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски. Модниот „1ТВ гуру“, како што е кај него редот кога некој ќе му влета во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на дамата од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Од фризура до потпетици, Сергеј ја стори пуздер Бојана, потенцирајќи и ги сите маани и недостатоци… Се разбира на себесвојствен начин, со јазик и вокабулар на кој најчесто и му забележуваат дека во неговата емисија „Мода“ се омаловажуваат само „не случајно одбраните за отстрел“.

И додека едни премолчуваат, други гласно коментираат само во својот круг на блиски и пријатели, трети пак правдата ја побараа на суд, газдарицата од империјата Скендеровски реши веднаш да го возврати ударот… И тоа јавно, со двојна мерка!

Бојана не додржа, па не чекаше долго, туку веднаш седна и преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи му напиша одговор на модниот критичар. Ништо помалку лутит, остар и жесток… од изречените критиките кон неа, од страна на Варошлија.

„Слушам кај лепотанов, хермафродитов или не знам кој род е, не знае ни сам што е, јас сум дошла на ред за плукање…те чекав искрено,и тоа со мерак….

Епа вака душо….ти што немаш професија, односно “градиш” во моментов некоја кариера и лажеш дечиња, да фаќаат сеир,искрено си за жалење, изгледаш на црвче во хеланки и си многу, ама многу лошо нашминкан и пропагираш “изблајхани” коси, како што е впрочем твојата….(подгоренка и ретка)

Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките, или пак тие што ќе те почастат по нешто….те разбирам,мора да се живее од нешто….

Ти благодарам за убавиот избор на мои фотографии….

Добра ноќ“ – возвраќа пејачката и водителка, обраќајќи му се на колегата од спротивната ТВ куќа.

Останува да ја слушнеме и видиме контрареакцијата на другата страна, ако воопшто ја има…!? Или „1ТВ“ империјата блиска до власта, ќе се одлучи правдата да ја бара на друго место?

Дотогаш погледнете ја емисијата „Мода“ во која Варошлија модно „ја демолираше“ Бојана:

Популарно