Без заобиколување: Сани директно им го плесна на душманите

Фолк пејачката Сани Гроздановска важи за една од најпровокативните меѓу колешките, но таа не само што е храбра кога е провокацијата во прашање, туку таа нејзина карактеристика ја има и во односот кон луѓето.

Досега неколкупати јавно му кажала на сопругот кога нешто не и се допаѓа или обратно, а тоа умее да го направи на духовит начин.

Овој пат нејзината директна објава, без заобиколување беше упатена кон оние што не многу ја обожаваат или народски кажано кон душманите.

-На душманите им се смеам у фаца не позади грб, порача Сани, а со тоа покажа дека и кон оние злонамерните не е дволична, туку игра со отворени крати.

Е сега дали ова е доблест или мана, секој различно ќе си сфати.

ФОТО: Северина објави фотографија со сопругот и сподели убави вести

Пејачката Северина, на 21. април наполни 47 години, а во тоа име приредила забава. Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели колку е среќна и благодарна за својот сопруг Игор, кој токму на тој ден пред 4 години ја запросил.

-Прекрасно е да се слави роденденот со човекот на мојот живот, кој пред 4 години токму на овој ден ме запроси. Ти благодарам љубов моја на секој наш ден, ти благодарам за добрината, ви благодарам на сите за пеубавите честитки - напишала Северина.

ФОТО: Викторија Лоба го покажа вереничкиот прстен

Познатата македонска пејачка Викторија Лоба ќе се мажи, објави естрадниот магазин Бекстејџ, а пред нивната камера таа за прв пат го покажала вереничкиот прстен.

Повеќе за нејзината свадба тие најавуваат во вечерашното издание на Бекстејџ. Инаку таа е во долгогодишна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов.

ФОТО: Вереницата на Дарко Лазиќ се разголе

Свршеницата на Дарко Лазиќ изненади со разголеното издание, кое предизвика доста внимание на Инсатаграм.

Марина, објави фотографија на која е во провокативен костим за капење, додека големиот труднички стомак е во прв план.

„Големо бебе“ напиша идната мама кратко во описот, која доби многу лајкови од оние што ја следат.

Популарно