Вечерта пред смртта Влатко бил во кафеана со друштво

Пријатели на Влатко Илиевски се уште во шок од неговата смрт за dosie.mk велат дека ништо не наговестувало дека нешто ќе му се случи. Вечерта пред да биде пронајден мртов бил со друштво бил во кафеана и сè изгледало нормално. Но, некои што малку повеќе го познавале велат дека Влатко имал проблеми со кои тешко се справувал, а најтешко му било да се насмевне, онака како што сите го паметат.

Полицијата се уште истражува, а Судска медицина ќе објави конечна причина за смртта на пејачот Влатко Илиевски следната недела. Првично бидејќи нема траги на насилство се прават токсиколошки испитувања на крвта за кои е потребно време. Вчера на гробиштата во Ѓорче Петров Влатко беше погребан.

Го испратија многу колеги од естрадата кои на социјалните мрежи пишуваат пораки и објавуваат фотографии со него.

Полицијата, освен што соопшти дека телото на Влатко беше пронајдено во неговиот автомобил, нема нови детали.

ФОТО: Каролина сподели фотографија од минатото

Македонската пејачка Каролина Гочева сподели стара фотографија на Инстаграм, а фановите ја искритукуваа.

Преубава беше тогаш, еве и самата слика кажува, а сега си премногу слаба и таквата светла боја на коса не ти стои воопшто, гласи еден од коментарите.

Сепак има и коментари кои се восхитуваат на Каролина и нејзината убавина низ годините.

ФОТО: Елена Велевска го прослави роденденот на својот татко

Елена Велевска познатата македонска пејачка последните неколку месеци беше во центарот на вниманието поради нејзиниот развод со сопругот.

И додека кружат шпекулациите дали е разведена, Елена деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, таткото на пејачката, Љупчо Велевски наполни 65 години.

- „Со љубов за најдбориот татко.Биди жив и здрав“ напиша Велевска на социјалните мрежи.

ФОТО: Ноне во прегратка на ново момче

Ноне Неделковска е повторно во центарот на вниманието. Имено таа на својот профил на Фејсбук објави фотографија со ново момче. Станува збор за Урош Терзија, а Ноне под фотографијата стави емотикон „срце“.

Коментарите на пријателите се дека изгледаат преубаво, а дали станува збор за момче или само за пријател, останува да видиме.

- Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера- раскажа Ноне за Женски Магазин.

Популарно