(ФОТО) Покажа и докажа дека и на 48 години има „челично“ тело

И покрај тропските жештини во Лос Анџелес, латино и поп дивата Џенифер Лопез во никој случај не го прескокнува вежбањето во теретана.

48-годишната пејачка распали со нова фотка на која покажува дека и понатаму поседува беспрекорни мускули и „челично“ тело.

ФОТО: Карлеуша се држеше за глава додека оваа девојка пееше

Кандидатката чиј ментор е Јелена Карлеуша, Драгана Сремац, доживеа тотално фијаско во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Јелена се држеше за глава гледајќи го нејзиниот настап, кој се чини дека беше навистина дерградирачи за кандидатката.

Девојката се претстави со песната „Зора је“ и „Направи се луд“, а жирито ја гледаше со жалење, додека ЈК се засрами до „својот резултат“.

Карлеуша се извини за нејзиниот настап, бидејќи поради свои приватни проблеми (секс-скандалот со Врањеш), не билас во можност да работи со својата кандидатка и ја препуштила во рацете на пејачката Ивана од групата „Негатив“, која очигледно избрала лоши песни за неа.

ФОТО: Зетот на Наум Петрески заврши на патерици

Ќерката на македонскиот фолк-пејач Наум Петрески, Анастасија Петреска се омажи за пејачот Владимир Петрески, кој заврши со повреда на ногата, па е на домашно лекување.

Во посета му дојде неговиот дедо, а дружбата не помина без здравица и закуска.

Дружењето го овековечија со фотографија, која Владимир ја објави на Фејсбук.

ФОТО: Анета Молика сподели фотографија од нејзината ќерка како бебе

Анета Мицевска или на публиката позната како Анета Молика е во среќен брак со музичарот од нејзината група Џими.

Тие се повеќе од 17 години во брак, а нивната љубов трае како и првиот ден.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои  исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“ изјави  Молика  претходната година во интервју за „7дена.мк“.

Џими и Анета заедно ја имаат ќерката Моника која наполни 16 години, а мајката на пејачката неодамна истакна дека таа пораснала кај неа и дека ја чува кога е неопходно.

Ќерката на Молика има талент за пеење, но не сака да биде пејачка. Како што истакна нејзината баба таа учи стоматологија и сака да тоа да биде нејзината идна професија.

Од друга страна, самата Молика истакна дека со нејзината професија не е лесно да биде и родител и дека за се постои жртва.

Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва.  Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.  За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Деновиве на Мицевска и се вратија спомените, па во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзината ќерка како бебе.

„Спомени од срце“, напиша во оспиот на фотографијата.

Популарно