(ФОТО) Ристе Ристески за првпат ја покажа помалата сестричка

Македонскиот победник од минатата сезона на регионалното музичко шоу „ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, не е од оние што покрај професионалните моменти и ангажмани, практикува да објави некој детаљ од приватноста.

За промена познатиот охриѓанец им откри на своите следбеници и пријатели дека има помала сестричка, што ретко кој помислуваше.

Ристе овој пат на социјалните мрежи објави фотографија на која е во автомобил заедно со помалата сестра Анастасија , а во описот напиша дека заминуваат на свадба.

 

Me and my sister🤗 Ready for a wedding 🥂

A post shared by Riste Risteski Official (@riste_risteski) on

Бидејќи не ја запознале претходно, обожавателите веднаш почнаа да пишуваат дека си личат еден со друг.

ФОТО: Викторија Лоба го покажа вереничкиот прстен

Познатата македонска пејачка Викторија Лоба ќе се мажи, објави естрадниот магазин Бекстејџ, а пред нивната камера таа за прв пат го покажала вереничкиот прстен.

Повеќе за нејзината свадба тие најавуваат во вечерашното издание на Бекстејџ. Инаку таа е во долгогодишна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов.

ФОТО: Вереницата на Дарко Лазиќ се разголе

Свршеницата на Дарко Лазиќ изненади со разголеното издание, кое предизвика доста внимание на Инсатаграм.

Марина, објави фотографија на која е во провокативен костим за капење, додека големиот труднички стомак е во прв план.

„Големо бебе“ напиша идната мама кратко во описот, која доби многу лајкови од оние што ја следат.

Кој ќе го замени Адам Лабунски во „Ѕвездите на Гранд“?

Откако беше објавено дека  македонскиот натпреварувач од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од шоуто, а тоа го соопшти неговата менторка, пејачката Марија Шерифовиќ, сега е веќе познато и кој ќе го замени.

Српската музичка ѕвезда на својот Инсатаграм профил откри дека одлуката била на продукцијата, и дека на местото на Адам ќе се вратат какдидати кои тоа го заслужуваат.

Имено,станува збор за  Минел Спановиќ, а освен него Марија ќе му даде златен глас на Армин Јусуфовиќ  за да се врати во шоуто.

Популарно