ВИДЕО: Дотрча до автомобилот и почна да пука во жената која се движеше кон работа!

51 годишната жена претрпе голема траума, но помина без физички повреди, кога непознат човек дотрча до нејзиниот автомобил и испука три куршуми кон неа. 

Нападот се случил во 08:48 часот наутро, кога жената возела кон работа, во центарот на Лондон.

(ВИДЕО) Обдукцијата откри детали за бруталното убиство: Очув ја отрул пасторката (3), ја зацeментирал и ја фрлил во поток

Патолозите утврдија дека малечката Мараја Вудс (3) која исчезна кон крајот на октомври минатата година во Џексонвил, Северна Каролина, а телото и беше пронајдено во поток во близина на куќата, умрела од труење со хлороформ откако претходно била брутално малтретирана.

Нејзиното масакрираното тело било завиткано во три бели пластични кеси за ѓубре, кои и биле врзани околу вратот и ставени во навлака за перници за двосед или тросед.

„Навлаката за перница била наполнета со цемент помешан со камења“, напишаа патолозите. На малечката во белите дробови и е пронајдено смртоносно количество хлороформ.

За ова злосторство веќе е обвинет Адолф Ерл Кимри II (32), момче на мајката на Мараја, Кристи Вудс. Кристи ќерката последен пат ја видела жива на 26. ноември, кога ја ставила да спие. Утредента токму Кимри го повијал Центарот за итни случаи на округот Онслоу и пријавил дека малечката исчезнала од куќата.

Телото на Мараја е пронајдено по 5 дена потрага, на 2. декември, во блискиот поток. Кимри во јануари годинава е обвинет за убиство.

Кристи Вудс, мајка на Мараја

Мајката тврди дека не знае ништо за ова убиство, но новинарите кои го следеле случајот наведуваат дека Кимри 20 пати е осудуван за различни злосторства пред да ја убие малечката Мараја.

Таткото на Мараја, Алекс Вус, тврди дека Кимри ја силувал неговата ќеркичка, но во извештајот за обдукција нема докази за тоа. Се наведува дека бојата на анусот не е променета, и ништо повеќе од тоа. Меѓу другото, се додава дека малечката имала многубројни модринки по лицето, рацете и нозете. Мозокот и бил оштетен, а белите дробови полни со хлороформ.

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка: Автомобил со 190 км/ч се удри во камион

Страшен судир се случи минатата година во Шкотска, откако автомобил со брзина од 190 километри на час, се судри во камион.

Снимката била доказен материјал на судењето за сообраќајна несреќа во која автомобил при брзина од 190 км на час се забил во камион.

Инаку во овој хорор судир, за среќа, нема повредени.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Раперот снимал спот кога камерите снимиле вистински хорор

Кога раперот Дон Деј почнал да снима видео спот на една атрактивна локација во близина на водопад не знаел дека ќе се случи голема трагедија која ќе ја снимат камерите.

 

Mirar atrás no es malo, regresar atrás eso es malo 💯💡🆗

A post shared by Don Day 🇪🇨💎 (@diamantedonday) on

Имено, Карлос Понтун допатувал во Еквадор со група туристи, но одлучил од водопадот Laguna Salto de Oro да скокне во смрт. Да биде уште полошо во тој момент Дон Деј снимал спот за новата песна.

Тој бил свртен со грб, па не видел ништо, но неговите соработници може да видат како човеот паѓа во водата.

Сите истрчале да го спасат несреќниот човек, но било предоцна.

Популарно