Русокосо момче напаѓа жени на Партизнаска во Скопје

Нападнати и ограбени жени или нивни блиски подолг период се жртви на насилник кој оперира на булеварот Партизански одреди во Скопје. Сведочат, пријавуваат во полиција, но засега резултати од истрагата нема. Некои од жртвите веќе и дале детален опис во полиција за момчето кое ги ограбило. Начинот на кој ограбува е идентичен како и сите улични кражби, но она по што го запаметиле жените е неговата руса коса и бел тен.

„На булеварот Партизанска на сестри ми и украдоа златно ланче од вратот. Беа двајца едниот со изразито плава коса”, е една од пријавите на жртва на насилникот.

Некои од жртвите откриваат и повеќе детали.

„Беа двајцата крадци со црн автомобил со гевгелиска регистрација. Двајцата се високи, едниот русокос. Облечени се во бермуди и маички. Нападнаа жена на булеварот пред Железничка станица”, е едно од сведоштвата за грабеж кој се случил пред две седмици.

Но ограбените се огорчени на полицијата.

„На тетка ми исто пред некое време ланчето и го имаа украдено од врат. Била во полиција да пријави и рекле џандарите добро и ушите што не ти ги искорнале за да ти ги земат менѓушите. Од полицијата не очекувајте помош. Вие да сте здрави и живи”, е една од пораките оставени на социјалните мрежи каде и ограбените се обидуваат да ја алармираат полицијата да се справи со уличните насилници.

Една од ограбените дури и го препознала по слика русокосиот и по две години не добила покана за во суд.

Пелените не биле единствена причина за миризбата во зградата

По шестачосвна евакуација, станарите од зградата кај трговскиот центар „Скопјанка“ се вратија дома, а зградата е дезинфицирана и неподносливата миризба исчезна.

Во еден од становите во кои живее 65-годишна жена, беа пронајдени куп употребени пелени, од кои се ширеше ужасна миризба.

Освен тоа, под скалите на зградата пронајдени се стотина шишиња со урина од бездомник кој живеел во тоа импровозирано живеалиште и спиел на еден душек, па поради тоа се ширело дполнително непријатна миризба.

За време на немилиот настан, интерверинаа полицијата, пожарникарните служби и екипи на Брза помош.

Пресврт во приказната со старицата од Скопјанка

По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија. Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

- До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика. 

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

- Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, се додава во соопштението. 

Од МВР претпладнето за МИА информираа дека е исчистен станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба.

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство - Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување.

Од МВР информираа дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

- Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци, велат од МВР. 

Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Дали жената од станот во „Скопјанка“ е социјален случај?

По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија.

Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

– До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот – се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

– Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен – се додава во соопштението.

Од МВР претпладнето за МИА информираа дека е исчистен станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба.

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство – Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување.

Од МВР информираа дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

– Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци – велат од МВР.

Непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Популарно