Се што треба да знаете за користење на годишен одмор – Дознајте ги своите права за да не Ве искористуваат

Согласно Законот за работни односи имате право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Што предвидуваат новите измени во Законот за работни односи?

Измените на Законот за работните односи кои дојдоа на предлог на Владата, а сега се наоѓаат во собраниска процедура опфаќаат новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…

Доколку се усвојат овие промени, во наредните недели, ова лето наместо 12 работни дена, работниците ќе мора да користат годишен одмор од две непрекинати работни недели.

Исто така, се овозможува еднаквост на правото на користење на годишниот одмор на работниците кои што работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно