Ништо од летувањето со ќерките? Лука мора да одобри, а Катја не ја видел со месеци

Наташа Беквалац ова лето нема да ги носи ќерките Хана и Катја на одмор, затоа што и’ е потребна дозвола од нејзиниот се’ уште законски сопруг Лука Лазукиќ за да го пренесе бебето преку граница, а со него е на суд поради семејно насилство.

Популарната пејачка Наташа Беквалац планирала, по стресниот период, кон крајот на летото да отпатува со ќеркичките на одмор во Грција, но, како што пренесува курир.рс, тоа нема да се оствари. Имено, Наташа не сака да бара што било од својот сопруг Лука Лазукиќ со кого се суди поради семејно насилство.

''Наташа многу сакаше да ги однесе ќерките на летување кон крајот на август кога ќе има неколку слободни дена поради завршувањето на летната турнеја. Гледаше некои аранжмани и за малку ќе уплатеше во еден хотел во Грција, но сепак одлучи да не бара дозвола од Лазукиќ за пренесување на бебето Катја преку граница“, открива доброинформиран извор, и додава:

''Прво би морала да поднесе барање на суд кое таткото на девојчето, во овој случај Лазукиќ, би требало да го одобри. Но таа не сака да влегува во какви било дополнителни преговори со него, ниту да се среќава со него на суд, освен кога е неопходно, па затоа се откажа од одморот. Хана беше малку разочарана, бидејќи веќе испланираа летување, но Наташа и’ вети дека ќе и’ надомести. Наташа навистина не е во состојба повторно да се среќава со Лука, ниту, пак, да бара нешто од него“, тврди соговорникот.

ФОТО: Татјана Стојановска не се плаши од годините,но..

Таа важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Од неодамнешните содржини на Вистина.мк можевте да прочитате за деталите од љубовниот живот и заедничкиот живот со саканиот Михаил, како и тоа дека се уште не ја официјализирале врската во матично со брак.

Меѓудругото таа проговори и за убавината, дека не се плаши од староста и годините, но и за тоа дека почнала да употребува ботокс и филери за да го освежи својот изглед.

-Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, заклучува Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.

Таа на својот профил на Инстаграм објави токму една таква фотографија на која е пред постапката на ставање филери, а ги предложи за соврешени усни за Денот на вљубените.

ФОТО: Синот на Лепа Брена покажа како изгледал порано,а како сега

Помладиот сина на Лепа Брена, Виктор Живоиновиќ пред две години реши да ослабне. Ја смени исхраната, почна да тренира, а сега се видливи и резултатите кои се просто неверојатни.

Тој е на семеен одмор од каде објави фотографија и покажа на сите како сега изгледа, а она што сите го забележаа е дека Виктор целосно се трансформирал.

Процес на слабеење, напишал тој крај фотографијата „Некогаш и сега“.

ФОТО: Кога познатите жени се фотографираат без шминка

Никој не сака кога е фатен неподготвен за фотографирање, особено познатите жени кога се ненашминкани. Некои имаат повеќе храброст, некои помалку со своите следбеници да споделат како изгледаат опуштени и задоволни со својот изглед. Во галеријата погледнете како изгледаат тие без шминка:

Популарно