Лесна за манипулација, контрола и дискретна! Сите се исти!

Мирјана, 32, мажена, невработена. Интереси: јавање коњ, пливање, читање книги…

Даниел, 38, бизнисмен. Интереси: спорт… 

Даниел: „Здраво златна фала за прифатеното пријателство, многу ми е мило еве вака шо ме прифати… Мирјана, Мики злато зошто не ми пишуваш… Ама ти стварно ми се допаѓаш! Еј а знаеш ли како масирам, сигурен сум дека тебе ти треба една моја добра масажа… Еј Мицо дај ма една сликичка разубавими го денов, и знаеш… може да е поразголена…. Мицо ма зошто ме игнорираш? А сакаш ли да го „јаваш мојов коњ?!“ Ма што се праиш на недстапна а? Па после читала книги… Абе ај и јас со кого губам време! Мирјанче мила дај бе само еднаш да се опмнеме, многу сум дискретен, жими деца… Мики злато еве кажи од кај да те соберам ќе дојдам на крајот на светот ако треба… Еј ама ја претера! Секој ден не ќе те молам! Такви ко тебе шмизли на секој чекор! Ти ма не знаеш да живееш…“

Види мајката… Во што се претворивме? Он напиња му се ебе му се плаче, а таа, таа се чуди во која книга пишува за ова ментално растројство па да знае што да одговори… Не може да разбере кутрата… Зарем веќе дојде моментот кога не можеш да создадеш ново пријателство… Чисто, неизвалкано, искрено… Зар се почна да се сведува на ширење нозе?! Се чуди кутрата и не може да си објасни. А пишува мажена… Зарем ако се прифати понудата за пријателство значи и прифаќање на секс со тој човек?! И кое непочитување! МАЖЕНА! Тоа веќе не значи ЗАБРАНЕТА изгледа, туку напротив „ЛЕСНА ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, КОНТРОЛА И ДИСКРЕТНА“! Смешно е колку дркаџиите ја потценуваат интелегенцијата на жените… Е и не само на туѓите туку и на своите… Ох јаден… За една „слива“ во деца се колне… Си чита така Мица и се прашува: „Зарем и мојот… не не мојот не е таков! Културен е… Начитан… Јас сум неговата муза! Ма шанси нема!“ Отвара Мица кај сопругот на профил…

Брутално и се одмаздила: Со лут сос во меѓуножјето и брчење на главата ја казнила љубовницата на сопругот

Една измамена жена ја намамила љубовницата на својот сопруг во куќата, ја врзала, а потоа и истурила лут сос во вагината и и ја избричила главата.

Жена од градот Зиндерт во јужна Холандија, идентификувана како Халима, осудена е на 160 дена затвор откако е прогласена виновна за напад.

Таа исто така морала да помине 120 часа општокорисна работа, да посети психолог и на жртвата да и исплати 7.000 евра.

Судијата рече дека Халима ја мачела својата ривалка на „застрашувачки и навредлив“ начин кој „просто е апсурден во холандското општество“.

Меѓу другото, Халима и истурила „самбал“ - лут индонезиски сос кој се прави од разни видови чили пиперки во вагината на жртвата,а  потоа и ја избричила главата.

Халима дознала дека нејзиниот сопруг ја мами повеќе од пет години со една од нејзините пријателки и тоа така што ги пронашла пораките во телефонот на својот сопруг.

Заедно со соседката, Халима измислила изговор и и ја намамила пријателката во својот дом, каде успеала да ја врзе, а потоа и да ја спроведе на дело својата брутална одмазда.

На суд, Халима рекла дека на мажот ќе му даде друга шанса „како што и предложила и нејзината мајка“.

И додала: „Сакав развод, но неочекувано забременив, а и моите деца се уште малечки. Му простив, ама не заборавив“.

(ФОТО) Како Иван Ракитиќ полуде по заводлива келнерка?

Американскиот портал The Plauers Tribune ја објави животната исповед на фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ.

Најинтересниот дел од неговата животна приказна е поврзан со сопругата Ракел. Судбината ги споила на неверојатен начин.

 

🔐#micompañerodevida❤️ @ivanrakitic @clubdeldeportista @salontoro

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Имам холивудска приказна, вистинска романтична комедија, која всушност е реална. Почнува со еден Хрват кој влегува во бар. Беше тоа 2011 година. Тогаш имав само 21 година. Допатував во Шпанија релативно доцна, околу 22 часот. Дојдов за наредниот ден да потпишам договор со Севиља. Беа закажани медицински прегледи и потпишување на договорот. Мојот постар брат Дејан патуваше со мене. Кога стигнавме во хотелот, имав вечера со некои луѓе од клубот. Бев нервозен таа вечер, знаев дека нема да можам веднаш да заспијам, па го замолив брат ми да одиме некаде на пијалак. Таа вечер ми се промени животот“, вели Ракитиќ и ја продолжува приказната.

 

💏NYC 🔝 @ivanrakitic

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Жената која тогаш работеше во барот на хотелот беше… вау. Тоа е дел од филм каде што сè оди забавено, ме разбирате? Беше прекрасна. Си реков во себе ок, Севиља, уф, многу ми се допаѓа ова место. Не можев ништо да речам освен здраво затоа што не знаев ниту еден шпански збор. Говорев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански. Се чувствував грозно поради тоа.

Беше тоа љубов на прв поглед…

Го погледнав брат ми и му реков. Ја гледаш ли нашата келнерка? Ќе играм тука за Севиља и ќе се оженам со таа девојка. Брат ми почна да ми се смее. Мислеше дека се шегувам“, вели Ракитиќ.

Ракел не паднала веднаш на неговиот шарм.

 

❣️🔗❣️ @ivanrakitic #siemprecontigomivida#vamoscroacia🇭🇷#APortodas💪🏻

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Барав куќа во Севиља и секое утро одев во барот во хотелот за да испијам кафе и сок, но и да ја видам преубавата келнерка. Сè што знаев за неа беше дека се вика Ракел. Таа не знаеше англиски, а јас не знаев шпански“, открива Ракитиќ и признава дека поради неа испил толку кафе што изгледал смешно.

Меѓу 20 и 30 пати ја повикал убавата келнерка да излезе со него, но таа не се согласила.

„Еден ден Ракел конечно ми објасни зошто не сака да излезе со мене. ‘Ти си фудбалер. Веќе следната година веројатно ќе одиш во друга држава. Жал ми е, но не можам да излезам со тебе’. Си помислив дека сигурно ме видела како играм, па помислила дека нема да бидам премногу добар и дека Севиља ќе ме продаде на лето. Поради тоа почнав да тренирам за да влезам во првиот тим. Ми требаа седум месеци да ја убедам да излезе со мене. На 20 август добив СМС-порака, ‘Во барот е со сестра ѝ на пијалак! Не работи!’ Кој ја испрати пораката, не сакам да откријам. Беше тоа нашето прво излегување“, се присетува романтичниот Иван.

Иван и Ракел се во среќен брак од 2013 година и имаат две ќерки.

Зошто и кога жената може да забремени при месече циклус

Многу парови се опуштаат и забораваат на заштитатат за време на женскиот месечен циклус. Иако мислите дека така сте најбезбедни од несаканата бременост, тоа не мора да значи дека е така. Затоа сега ви пренесуваме три ситуации кога можете да затрудните и во текот на оние денови од месецот.

Доколку имате краток циклус

Жените чиј циклус е пократок и трае 3 денови, има шанси да забременат веднаш по крварењето или неколку денови подоцна, поради тоа што спермата во жената може да преживее и до неколку денови.

Доколку имате подолг циклус

Кај некои жени циклусот трае и по 7 денови и може да се случи да се поклопи со овулацијата.

Овулациско крварење

Некои жени крварат и во текот на овулацијата и затоа може да се случи да ја помешаат овулацијата со менструалното крварење, а со незаштитен однос за време на овулација, шансите за забременување се најголеми.

Популарно