Како и зошто ги нападнале Никола

Двајца осомничени за убиството на 21-годишниот Никола Саздовски, вчера беа на распит во Основното јавно обвинителство. Како што информираат од МВР, сѐ уште се трага по третиот напаѓач. Против него е распишана потерница, што значи дека полицијата нема информации дали ја преминал границата

Двајцата веќе притворени напаѓачи вчера за првпат се сретнале со своите адвокати.

Според информациите до кои дојде „Независен весник“, скопјаните Скендер Д. (19) и Бесир Б. (20), веднаш по апсењето, биле донесени кај судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд и им биле одредени адвокати по службена должност. Нивната одбрана се темелела на тоа дека кобниот ден, се возеле со автомобилот „мерцедес“ и случајно на автобуска станица во населбата Автокоманда го здогледале младото момче, со кое неколку недели биле во „интернет војна“ преку „Фејсбук“. Запреле, излегле од возилото, го прашале момчето: „Ти си Саздо?“ Добиле потврден одговор, по што дошло до инцидентот.

Осомничените во Обвинителството се бранеле со молчење, сакале прво да ги видат доказите, па да се произнесат.

Обвинителството сѐ уште не одлучи дали ќе го преимени кривичното дело.

Во вторникот беше сослушана девојката на Саздо, која била со него дента кога бил нападнат.

По десет дена кома, Никола Саздовски почина на КАРИЛ. Неговите другари тврдат дека напаѓачите го претепале со шипки, а пота избегале.

Готов е обдукцискиот наод на Влатко Илиевски

Која е причината за прераната смрт на македонскиот пејач Влатко Илиевски веќе е познато, но засега таа информација ја има само ЈО.

Обдукцискиот наод на прерано починатиот пејач Влатко Илиевски е готов и е испратен до Основното јавно обвинителство.

Од Обвинителството потврдиja дека извештајот е кај нив, но дека уште е рано да се изнесуваат информации во јавноста.

-Истиот се разгледува, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката – велат од ОЈО.

Пресврт во случајот за убиството на Никола Саздовски

Според пријавата од полицијата, Б.Б., С.Д, како и Ј.Љ (19) сите од Скопје, на 29 минатиот месец околу 17.30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По десет дена претепаното момче им подлегна на повредите.

Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје еден-Скопје постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за осомничените Б.Б и С.Д за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ со член 22 од Кривичен законик денеска донесе решение со кое ја укина претходно определената мерка притвор за кривичното дело „насилство“ и определи нова мерка притвор за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ со член 22 од Кривичниот законик.

– Новата мерка ќе трае до истекот на 30 дена сметана од моментот кога двајцата осомничени веќе претходно беа лишени од слобода, информираат од Судот.

Оттаму појаснуваат дека Судот е на ваква оценка и покрај тоа што станува збор за ново кривично дело, од причина што станува збор за ист кривично-правен настан, без оглед на неговата правна квалификација, а согласно член 171 став 1 од ЗКП притворот определен од решение на судија на претходна постапка може да трае најдолго 30 дена од денот на лишување од слобода, односно во времетрање на притворот се засметува секое лишување од слобода.

Според пријавата од полицијата, Б.Б., С.Д, како и Ј.Љ (19) сите од Скопје, на 29 минатиот месец околу 17.30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По десет дена претепаното момче им подлегна на повредите.

ВИДЕО: Со хебла и шрафцигер демолираше возило и го натепа сопственикот на возилото!

На социјалните мрежи се појави видео од улично насилство деновиве во Струмица, за кој неофицијално дознаваме дека се третира како нарушување на јавниот ред и мир. На речиси триминутното видео се гледа како насилник со метална шипка или со шрафцигер уништува автомобил паркиран на улица. Лицето го демолира автомобилот додека сопственикот стои на страна, а во еден момент кога ќе му се приближи насилникот со спреј солзавец го прска во лицето.

Насилникот му се заканува на него и на неговата девојка, а по некое време сопственикот на возилото го удира, по што силеџијата пак му се заканува со шрафцигерот.

Од МВР денеска немаа детали за инцидентот. Неофицијално насилникот во инцидентот поминал со прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а казна ќе плати и сопственикот на автомобилот.

Популарно