ФОТО: Премиерот Заев го бакна пенкалото што му го подари Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска официјално му ја врачи поканата за пристапни преговори за членство во НАТО на претседателот на Владата, Зоран Заев, а со неа симболично му подари и пенкало.

Откако се фотографираа со поканата, Заев го бакна подареното пенкало. За време на свечената церемонија, Генералниот секретар на НАТО истакна дека по завршувањето на внатрешните процедури и ратификување на договорот со Грција, Северна Македонија ќе седи на иста маса со сојузниците.

Пронајдено телото на исчезнатото лице од Дебар

Во водите на Дебарско Езеро пронајдено е телото на 54-годишниот жител на Дебар, кој на 18 јули беше пријавен за исчезнат.

Телото случајно било забележано од страна на рибар, околу шест часот утрово, како плута на езерската вода кај градската плажа, во близина на местото викано „хангар“.

Увид на самото место извршен е од страна на Основното јавно обвинителство и екипа од Полициската станица од општа надлежност-Дебар, по што по наредба на јавениот обвинител телото е пренесено во Општата болница во Дебар,заради обдукција.

На телото не се забележани траги на насилство.

Сега починатиот К.Ј (54) за изчезнат семејството го пријави на 18 јули, откако од претходниот ден немале контакт со него. Последно бил виден на полноќ ноќта меѓу 17 и 18 јули во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро.

(ВИДЕО) Алберт Муслиу и Солза Грчева во „Само вистина“

БИСЕР. Денес, среде сивилото кое го живееме, имав можност да слушнам барем еден бисер. Го чув во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Алберт Муслиу (аналитичар, експерт и уште понешто) децидно изјави дека денес, во современиот свет, постојат само неколку апсолутно суверени држави, додека другите тоа не биле. Ако е така, ако тоа соодвествува на фактите, тогаш следат барем следниве нешта. (1) Враќање на старата теза/доктрина на Леонид Брежњев (некогашниот прв човек, на некогашниот СССР) за ограничен суверенитет. Имено, токму во името на оваа доктрина СССР, заедно со четирите братски земји (Бугарија, Унгарија, Полска и Источна Германија/Демократска Република Германија) ноќта спроти 21.08.1968. воено вмаршираа во Чехословачка за да ја бранат Чехословочка од Чехословачка. Повикот/поканата беше дојден од здравите (односно, „здравите“) сили во Чехословачка. Така, во името на теоријата за ограничен суверенитет, беше целосно суспендирана слободата во таа земја. (2) Тезата за ограничен суверенитет, самата по себе, е смешна, бидејќи она што е суверено не може да биде ограничено, додека она што е ограничено не може да биде суверено. Кој не верува во ова нека консултира било кој толковен речник и ќе сфати дека суверено е синоним за она што е над, за она што е највисоко, неограничено итн. Значи, станува збор за contradictio in adjecto, односно за противречност во поимот. Или, што е слично, за нонсенс или за оксиморон. Тоа му доаѓа како дрвено железо, гласна тишина или паметна глупост. (3) Ако во стварноста навистина се суверени само неколку држави, тогаш неопходно е мало потсетување на Хегеловата забелешка: „Дотолку полошо по фактите.“ Така, во духот на Хегел, изминува денешниот ден – „Дотолку полошо по фактите!“

Кликни тука за повеќе: Цуцуловски за бисерот на Муслиу за суверените држави

ВЛАДАТА ЌЕ ОЖИВУВА МРТОВЦИ: Од Фондот за иновации доделени 2 милиони евра на компанија која се занимава со реинкарнација!

Во рамки на тендерот за иновации на Фондот за иновации македонската влада ќе инвестира во реинкарнација.

Иако звучи како шега сепак во официјалниот документ за доделените средства стои токму овој збор „реинкарнација” како активност која е помогната од владата.

Средствата во висина од 2 милиони и 150 илјади евра за реинкарнација ги добила фирмата Микомп ДОЕЛ од Прилеп.

Реинкарнација, буквално значи „повторно да се родиш во тело“. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие, после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа, „повисоко јас“ или „вистинското јас“, „божествена искра“ или едноставно „јас“.

Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации.

Верувањето во реинкарнација е древен феномен. Оваа доктрина е централен принцип во индиските религиозни традиции: во хиндуизмот, јогата, вишнаизам, шиванизам, џаинизам и сикизам. Некои древни грчки филозофи исто така верувале во реинкарнација, а денес се појавува како верување во бројни модерни паганизми и во некои од движењата на Њу ејџ, меѓу кои и во спиритизмот, меѓу практикантите на африканските традиции, следбеницитена езотеријата, Кабалата, суфизмот, гностицизмот.

Будистичкото верување во реинкарнација се разликува од она на хиндуизмот и на Њу ејџ, по тоа што вели дека не постои непроменлив дел од „душата“ кој се реинкарнира.

Кај нас реинкарнацијата се води како иновација.

Популарно