Писмо од мајката чие бебенце беше изгризано во градинка во Скопје

„Не толку кратка хорор приказна каква што никому не посакувам.

Среда, 11ти јули, 2018 година.

Околу 16ч. одам да си ја соберам ќерка ми од градинка (Раде Јовчевски Корчагин), инаку 11 месечно бебе. На врата од собата ме дочекува воспитувачката со ќерка ми во раце, велејќи ми дека сѐ поминало во најдобар ред дента, освен тоа што не сакала да спие, и, уз пат, дека на грбчето имала нешто исфрлано, веројатно инсект ја пролазил. Одма ја погледнав, очигледен загриз во пределот на грбот, и веднаш ѝ укажав дека несомнено е загризана од друго дете. Ја прашав дали плачела дента, рече не. Исто така ми кажа дека моментално се повеќе групи споени во една поради летни одмори и дека малку биле во хаос па не знае што се случило, ќе ја прашала колешката. Fast forward, стигам дома со Лира, ја соблекувам за бањање и гледам дека под загризот кој ми го покажа воспитувачката (кој инаку не изгледаше посебно страшно во момемтот) има уште еден многу посериозен загриз, закрварен и модар, со правилен отисок од детска вилица. Луѓе, мене некој така да ме загриза ќе вриштам од болка, а не бебе. Се вадам од памет, продолжувам да ја соблекувам и забележувам гребаници во горниот дел од десното ноџе. Изреволтирани поради игнорантноста на воспитувачките, со сопругот решивме да ја однесеме ќерка ни кај матичната докторка за да ни даде некаков извештај како доказ, во кој ќе биде посочено дека бебето ми е изгризано и изгребано. Докторката го потврди тоа што го знаевме, дека се работи за очигледни гризнувања, какво пролазено, какви бакрачи, па дури и самата ни предложи да ни даде упат за на детска хирургија, за таму да ја прегледаат и ни го дадат извештајот што ни треба за во случај да одлучиме правно да го истераме случајов.

Уште еден fast forward, се наоѓаме на детска хирургија, ја прегледуваат ќерка ми, и докторката забележа удар на главата, видлив хематом, подуена зацрвенета џумка. Овој момент ми го скрати животот за многу, многу години. Во меѓувреме, од детска хирургија самите го пријавија случајот во полиција.

Веднаш ни дадоа упат за снимање на главчето, и после многу размислување дали да ја снимиме, затоа што се работи за прилично сериозно зрачење за 11 месечно бебе, решивме да ја снимиме. Од страв. И паника. И уште милион грозни емоции кога родител се соочува со ваква голгота. 

Снимањето помина (трауматично, и за ќерка ми и за нас), а резултатите, после 2 часа чекање, ЗА СРЕЌА, беа океј. Можеа и да не се. Можеше да биде многу, многу полошо. Нема да зборувам за стресот што го доживеавме и ние и бебето, цел ден по болничките ходници. 

Ова е основна негрижа и згора на сѐ лажење, а ние никогаш нема да дознаеме што точно се случило со нашето дете. Прашањето е што правеле воспитувачките додека ќерка ми била загризана не еднаш, туку два пати, додека била изгребана и додека паднала со глава (веројатно, според ударот) на под? Демек не плачела? Каде биле тие? Зошто се обидоа да ја скријат вистината со муабетот дека "веројатно е пролазена од нешто?!"

После сѐ ова, револтот е голем и случајот сакаме да го истераме до крај, па секој правен совет од било кој тип би ни бил добредојден.

П.С. текстов веројатно има многу пропусти, го пишувам после 6 часовна голгота. Лута за што сѐ можело да биде, и благодарна што овој пат сме имале среќа.“

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно