(ВИДЕО) Лила Филиповска и Рон Холси заиграа оро во „Вечер со Тијана“

Вечер со Тијана“ во 20 часот оваа сабота на 1ТВ, најгледаното шоу кое успаа во оваа прва сезона да биде домаќин на голем број балкански и домашни ѕвезди. Последната емисија од оваа прва сезона Тијана ќе ја затвори со гостувањето на Лила Филиповска и Рон Холси, една исклучително одлична епизода исполнета со сочни разговори, интересни факти како и музика и пеење.

Лила ќе биде подготвена за оро, валцер, но дали ќе запее останува да погледнете во сабота со почеток во 20 часот. Додека Рон ќе ве изненади со неговата вокална способност и познавањето на српскиот јазик. Битете на 1Тв оваа сабота.

ФОТО: Поранешната Мис на Македонија ќе стане госпоѓа сенаторка во Америка

Поранешната манекенка Сара Леши, која откако се омажи во Америка е госпоѓа Вилис, стана мајка. Имено, минатата година бившата убавицата роди син, а нејзиниот сопруг, кој по професија е политичар, во моментов собира и лобира за гласови за свое место во Сенатот во Америка.

Сара веќе неколку години нема активни профили на социјалните мрежи и живее далеку од очите на јавноста, но нејзиниот сопруг на својата фејсбук-страница одвреме-навреме споделува нивни фамилијарни фотографии, притоа истакнувајќи колку е важно семејството во животот.

„Во љубовта на Том верувам засекогаш. Јас сум сигурна дека тој ме љуби со целото свое срце и ќе ме љуби до крајот на мојот живот, и јас него, исто така. Се омажив со него и не се откажувам, нашата љубов е поголема од кој било проблем. Откривме дека со секоја помината година, се’ повеќе сме заљубени“, изјави своевремно Сара за македонските медиуми.

Освен синот кој го доби лани со Том, со нив живеат и двете деца на политичарот од првиот брак, а посинокот Хантер пред неколку години имаше здравствени проблеми, но за среќа успешно се избори и ја победи болеста на денешницата.

Ќерката на Сузана Турунџиева е бремена

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева кон крајот на летото се сврши.

По еден месец забрзани подготовки, на 28 август, Лора официјално го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со Филип Наунов.

Свадбата се одржа во еден скопски ресторан каде присуствуваа нејзините најблиски пријатели и роднини, но не и нејзиниот татко Маленко.

Во интервју за „Ексклузив“, Сузана проговори за нејзинот однос со бившиот сопруг и истакна дека не комуницираат.

„Не беше поканет затоа што Лора одлучи дека не треба да биде поканет“, изјави македонската пејачка и водителка.

Турунџиева во емисијата откри дека очекува внуче, односно нејзината ќерка Лора е бремена со своето прво дете, но се уште не го знаат полот.

„Оставивме да биде изненадување. Моето семејство навива за машко, а во семејството на мојот зет навиваат за девојче. Ќе видиме кој ќе победи. Ќе биде она што мора да биде. Се уште ситуацијата е неизвесна и оставивме да биде здраво и живо“ вели Турунџиева.

Додека се бори за живот му се случи нов шок

Вереницата на Дарко Лазиќ, Марина се откажа од борбата по сообраќајката на пејачот.

Таа не можела да ги трпи притисокот и неизвесноста, па го оставила Дарко, јавуваат српските медиуми.

-Марина не може да се бори со тоа што се случи. Од една страна е Дарко животно загрозен, а од друга страна притисокот на јавноста и медиумите. Јасно е дека тој по сево ова може да остане инвалид со трајни последици. Секојдневно слуша дека Дарко е зависник од дрога, дека нема да биде повеќе истиот. Сега ќе има вештачки колк и можеби нема да може да се движи, а веќе нема слезина и бубрег. Сите и зборуваат дека е млада и дека таков терет не и е потребен. Таа знае дека Дарко ја сака, но знае и дека никако не може да му помогне, истакнува извор близок на Марина за српски медиуми.

Таа веќе неколку дена воопшто не доаѓа на посета кај Дарко.

Во целата борба која Дарко ја води изминативе три недели, уште овој удар, многу ќе му дојде.

Популарно