Затвараат порано, нема кој да работи – Никој не сака плата од 540 евра

Познато место во Загреб кое важи дека има најдобар бурек во градот е принудено да укине една смена и да го скрати работното време бидејќи не може да најде работници.

– Поради недостиг на работна сила мора да работиме само 14 часа – пишува во натписот закачен на нивниот влез.

Во огласот кој го објавила бурекџилницата напишале дека бараат личност која ќе продава бурек, ќе брише маси и ќе ја чисти терасата. Платата која се нуди е 540 евра.

Кај нас пак се бара работници за канцелариска работа со ПЛАТА до 36.780 денари

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Oглас за кандидати со СРЕДНО:

Макдел има потреба од следната работна позиција

Магационер

Потребни квалификации:

Со или без работно искуство

Образование ССС

Опис на работно место:

Редење на роба

Издавање на роба

Истовар на роба

Лични карактеристики:

Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност

Проактивен и професионален пристап во работата

Чесност

Тимски работник

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон

Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја бројни светски убавици.

Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.

Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм „Too Young to Die“, а актерката тогаш имала само 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.

Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, додека Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Vanity Fair“ и додаде:

„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели?’

Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм „Калифорнија“.

Во тоа време, додека зборуваше за нејзината романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред и се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.

„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.

„Ние сме во момент во љубов кога едноставно сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно и повторно и повторно“, ја опиша својата врска со популарниот актер, Џулиет за Лос Анџелес Тајмс.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева дека Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта, бидејќи искрено го сака.

„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.

Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.

Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Реквизитот од филмот „Титаник“ продаден за 718.000 долари

За познатата сцена од филмот „Титаник“, се води дебата меѓу обожавателите дали дрвената врата била доволно голема да на неа легне Џек, и така да се спаси од ледената смрт.

Дрвениот дел, кој и овозможи на Роуз да го преживее бродоломот, беше продаден на аукција за 718.750 долари.

Оваа разгорена дискусија се одвива уште од периодот кога филмот беше премиерно прикажан во 1997 година.

Во филмот, Џек (игран од Леонардо ди Каприо) вели дека таблата – дел од рамката на вратата – е доволно голема само за жената која ја сака, Роуз (играна од Кејт Винслет). Потоа, Џек умира во ледениот Атлантски океан, а неговото тело потонува на дното.

Во епизодата на телевизиската емисија „Разоткривање на митови“ од 2012 година, режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, откри дека добива десетици мејлови во кои се тврди дека Роуз е „себична“, а Џек е „идиот“ поради оваа сцена. Камерон, меѓутоа, ја заврши дискусијата со забелешка дека според сценариото, Џек мораше да умре. „Можеби малку згрешивме со пропорциите и можеби таблата требаше да биде малку помала, но момчето мораше да потоне“, додаде тој.

Реквизитот, кој често се смета за врата, е направен според парче од останките на вистинскиот Титаник, откриен по неговата трагедија во 1912 година. Според аукциската куќа Heritage Auctions, реквизитот е приближно 2,4 метри долг и 1 метар широк.

Оваа продажба на реквизити и костими, која заврши во неделата, вклучуваше предмети како костимот на Спајдермен кој го носеше Тоби Мегваер (125.000$), секирата од филмот The Shining (125.000$), како и познатиот камшик на Индијана Џонс (525.000$) вкупно вредни 15,48 милиони долари.

Популарно